Контроверзите околу култниот филм Блејд Ранер

Немаме баш некоја којзнае колку голема публика која е вистински филмофилски настроена, немаме дискусии, емисии, кои анализираат филм…
Не пратиме што е ново, како стојат работите во светов. Се разбира за стари филмови па ич не дискутираме. Не сакаме да знаеме како и зошто се снимени…Најчесто и не не интересира која новела, расказ биле инспирација за да се сними филмот. Не дај боже пак да прочитаме делото по кое е снимен филмот па да споредиме колку е тоа добро на лента, а колку на хартија и какви разлики има во адаптацијата…
Е па што да правам јас сега? Да не пишувам за Блејд Ранер? Па побогу знаете ли воопшто за кој филм се работи? Сте чуле ли за Филип Дик? Прочуениот, култниот, ексцентричниот писател на СФ раскази и романи? 
Мене пак ме хипнотизира овој човек. Неразбран за време на животот, фален потоа…
А самиот не ни сакал неговата новела „Дали Андроидите сонуваат за електични овци (Do Androids Dream of Electric Sheep?) [кој знае дали добро преведов, но тоа и не е најважно]“ да биде адаптирана во филм преку Холивуд, кон кој имал резерви и нелагодност…
Како да ви кажам, мене ми е човеков од нејасни причини постојана инспирација и интерес. И сега успеав да пронајдам еден документарец за тоа како настанал филмот, односно премрежињата на релација автор, режисер, продуцент. Ако сте љубители на СФ, на Филип Дик, на Блејд Ранер дефинитивно треба да го погледнете…
А јас што ќе направам? Па дефинитивно ќе копам на тема, и се што ќе најдам поврзано ќе објавувам. Наздравје.
 
Сакате да стапите во контакт со мене, имате предлог, забелешка на текстов или на светов воопшто? Тука сум за вас: [email protected]Најчесто и не не интересира која новела, расказ биле инспирација за да се сними филмот. Не дај боже пак да прочитаме д

Пронајдете не на следниве мрежи: