Лош почеток на 2016. година за тенисерките Шарапова и Халеп!

Марија Шарапова и Симона Халеп се повлекоа од ВТА турнирот во Бризбејнн поради повреди. Русинката, која е шампионка од 2015-та, требаше денеска да ја почне одбраната на трофејот против Екатерина Макарова, но сега на нејзино место во трката влезе Маргарита Гаспарјан. Речиси час по одлуката на Шарапова, Халеп исто така објави дека се откажува поради повреда на ногата.На овој начин обожавателите на тенисот нема да бидат во можност да ја видат извонредниот меч со Викторија Азаренко, која ја очекуваше Романката Халеп во вториот круг.
„Сакав да играм тука, но оваа повреда е сложена. Мислев дека сум подготвена, но не можам да го одиграм целиот натпревар.“ – изјавила Халеп, која поради проблеми со ахиловата тетива го доведува под знак под прашање и учеството на турнирот во Сиднеј во следната недела.
Шарапова пак, ќе се насочи директно кон Australian Open. Идентична повреда ја принуди да се откаже во Јапонија во октомври 2015-та, но таа сепак успеа да се врати на теренот за финалето на WTA во Сингапур и „ФЕД купот“.
Повлекувањето на Шарапова значи дека Агњешка Радванска има сосема реална шанса да ја префрли од четвртото место на светската ВТА при добри перформанси во Шенжен.
„Ја повредив раката за време на тренингот пред неколку дена и решив да се откажам од учеството како мерка на претпазливост, за да се осигурам дека ќе се опоравам за Australian Open.“ – објасни Шарапова и додаде: „Турнирот во Бризбејн е навистина посебен за мене, а и оваа сезона требаше да ја бранам титулата.“На овој начин обожавателите на тенисот нема да бидат во можност да ја видат извонредниот меч со Викторија Азаренко, која ја очекуваше Романката Хал

Пронајдете не на следниве мрежи: