Зимата дојде, а со неа и пониските, често ниски температури. Се разбира, надворешниот свет и климата се одразуваат врз нас, но знаете ли како точно?Одбравме за вас шест работи што се случуваат со нашето тело кога надвор е студено, како и објаснувањата за нив.
Качуваме килограми
Една од причините луѓето да накачат килограми во зима е многу едноставна – нашето тело троши повеќе енергија за да остане доволно топло во студените денови, за организмот да може да функционира нормално. Затоа апетитот ни се зголемува и јадеме покалорична храна во оваа сезона. Така се натрупуваат енергетски резерви во телото и во некои случаи тие стануваат видливи.
А зошто некои слабеат?
Ако нашите тела не можат да се помират со ниски температури, ако се воздржуваме од потешка храна и се концентрираме на сосема лесни јадења, реално трошиме повеќе енергија отколку што прифаќаме – еве зошто некои луѓе слабеат неосетно.
Што значи кога се тресеме?
Тресење е рефлекс на телото, кој е предизвикан од студот. Кога чувствуваме студ, нервните сигнали од мозокот преминуваат кон 'рбетниот мозок, соопштувајќи им на мускулите дека треба да се префрлат побрзо од контракција кон опуштање, што го предизвикува ефектот на тресење, но и всушност го загрева нашето тело, бидејќи на тој начин мускулите ни создаваат топлина.
Кожата ни се суши
Иако во текот на зимата често паѓа снег и дожд, влажноста на воздухот е многу помала отколку во лето. Ова особено важи за затоплените простории. Колку е сув воздухот, толку повеќе влага испарува од површинскиот слој на кожата, која се суши и почнува да се лупи. Затоа треба често да се хидрира.
Зошто постојано трнеме и мрзнеме?
Ова се случува како од студ, така и од различни емоции – возбуда, страв, ужас. Особено во текот на зимата се мрзне по рацете и нозете. Тоа е физиолошка реакција на студот, стремеж на телото да се зачува.
Зимскиот замор исто постои
Сите сме свесни за пролетниот замор, но знаете ли дека тој всушност започнува уште во зима? Секоја година, во тоа време, целиот складиран витамин Д е веќе консумиран од организмот и желбата да излеземе од хибернација станува речиси непремостлива. Студот надвор, често мрачното време, исто дејствуваат заморно на психата и телото. Затоа е добро да пиеме повеќе течности, да се шетаме повеќе, да дишеме чист воздух и да не пропуштиме да се храниме здраво, со особено нагласување на храна богата со магнезиум – лиснат зеленчук, ореви и др.Одбравме за вас шест работи што се случуваат со нашето тело кога надвор е студено, како и објаснувањата за нив.
Качуваме килограми