На изненадување на турските истражувачи и населението на историскиот византиски малоазиски град Никеја (денешен Изник) во провинцијата Анадолија, едно утро од површината на езерото се појавија темели на величествена византиска Грчка православна црква.Се претпоставува дека црквата е стара околу 1500 години.
Тоа ја потврдило легендата за постоење на голема историска црква која датира уште од четври век, а која е посветена на апостолот Павле.
„Темелите се појавија два метри во длабочината на околу 22 метри од брегот. Историските податоци говорат дека изградбата на оваа црква е започната од дамнешната 313 година, а дека е завршена околу 500 година“ – рекол професорот Мустафа Сахин од Отсекот за археологија на Универзитетот Улудаг во Бурса.
Тој навел и дека на местото на кое испливала црквата би требало да лежат и темелите на локалниот парламент од римски период, бидејќи според историјата токму покрај него бил изграден овој православен храм.
Според некои претпоставки, црквата после големиот земјотрес кој се случил во 740 година, потонала во езерото и се појавила после 1500 години.
Инаку, нејзината изградба воедно претставува почеток на изградбата на другите храмови низ цела мала Азија, односно во градовите каде живеел христијански народ.