Не ја фрлајте четката за маскара, може да ви заврши многу голема работа!

Сѐ што треба да направите е добро да ја исчистите маскарата со шампон.Имате своја омилена маскара која повеќе не може да служи за нагласување вашите трепки, но може да послужи, на пример, за уредување на веѓите или отстранување на мртвите клетки на кожата од вашите усни, така што би биле изненадени. Но, четката можете да ја искористите за многу повеќе нешта во вашата куќа, конкретно за чистење на некои работи. Ако не знаете за што станува збор, сега ќе ви ги откриеме сите трикови.
Накит
Сите оние тешко достапни места на накитот, без проблем ќе ги исчистите со четката, а притоа таа нема да им наштети на вашите омилени модни додатоци.
Фен за коса
За да ја отстраните косата од фенот за коса, без кој ниту една од жените речиси и не може да живее, исто така искористете го ова „магично стапче“. Но, бидете внимателни прво фенот да го исклучите од струја, пред да го отстраните капакот и да почнете со чистење.
Нечистотија
Сите оние области на кои се собира прашина, а на кои не можете да постигнете и допрете со сунѓер или поголема  четка, решете го тоа со помош на оваа четка и ослободете се од нечистотијата, која не сакате да ја видат вашите гости.
Канализација
Ние веруваме дека во одводот на мијалникот, особено во кадата, има многу од вашата коса. Со четката лесно можете да пристапите и до таквите остатоци и така ќе спречите било каков вид на затнување.Имате своја омилена маскара која повеќе не може да служи за нагласување вашите трепки, но може да послужи, на пример, за уредување на веѓите или от

Пронајдете не на следниве мрежи: