Разведениот Тим Фрид (37) е аматерски научник кој 16 години истражувал каснување од змии, надевајќи се дека ќе пронајде вакцина од која луѓето ќе станат имуни на змискиот отров.За да докаже дека неговата теорија на имунизација делува, тој неодамна дозволил да го каснат најотровните змии на светот – тајпан и црна мамба.
„Јас сум веројатно единствената личност во светот која може да го преживее каснувањето на овие змии. Нема да престанам да истражувам сѐ додека не пронајдам вакцина или не умрам. Рацете ме убиваат по каснувањето, но се чувствувам сјајно. Мислам дека нема луѓе кои би преживеале макар едно каснување на овие змии, а камоли неколку од нив“ – вели Тим.
Неговата опсесија за трагање по лек за змиски отров и неколку пати за малку ќе го чинела скапо, но го чинела и бракот.
„Дозволив да ме каснат две кобри во 2011 години. По второто каснување се онесвестив и завршив во кома. За малку ќе умрев. Меѓутоа, тоа ме направи посилен и поодлучен да пронајдам лек“ – вели тој.
Сепак, опсесијата се одразила на неговиот брак.
„Змиите отсекогаш му беа на прво место, а децата и јас на второ“ – изјавила Бет Фрид (35).
„Би рекла дека имаше афера со змиите. Тој се оддалечи од семејството и немаше никаков однос со синовите. Секогаш бев загрижена поради тоа што го прави, но никогаш не го наговарав да се откаже од тоа бидејќи му е многу важно“ – додала таа.
Според некои тестирања, Тим има развиено голем број на антитела во организмот, дури и повеќе отколку кај еден просечен човек.
За да докаже дека неговата теорија на имунизација делува, тој неодамна дозволил да го каснат најотровните змии на светот – тајпан и црна мамб



