Што почетната буква од името кажува за вас?

Пронајдете ја почетната буква од вашето име и видете дали таа навистина го опишува Вашиот карактер… А: личностите чие име почнува со буквата А, се вредни, големи работници, но ги сакаат комфорот и уживањето. Овие личности се трудат да бидат материјално обезбедени, па главно работат добро платена работа. Сакаат да бидат окружени со луѓе.
Б: овие луѓе се чувствителни. Тие исто така се талентирани, па можете да ги сретнете помеѓу уметниците и научниците. Имаат силна желба да патуваат. Нивниот љубовен живот е бурен, бидејќи се луѓе со тежок карактер.
В: овие личности се верни, копнеат по љубовта за цел живот и во потполност му се предаваат на партнерот. Сакаат силно и страствено. Многу се внимателни, сакаат работите добро да ги испланираат.
Г: овие луѓе се педантни и дома сакаат работите да им бидат на свое место. Многу обрнуваат внимание на деталите. Сакаат да бидат признаени во друштвото, но славата конкретно не ги интересира. Сакаат сигурност и тежнеат кон нови сознанија.

 
Д/Ѓ: ова се самостојни личности. Си ја сакаат својата слобода и мирот и уживаат во својот дом. Кога нешто ќе посакаат, брзо и лесно го добиваат бидејќи имаат цврст карактер.
Е: овие личности се промислени и детални. Ги согледуваат проблемите од секој агол и со леснотија ги решаваат. Добри се на работен план и успешни при контакт со луѓето.
Ж: овие луѓе не сакаат неизвесност, ниту изненадувања. Сакаат однапред да знаат што можат од некого да очекуваат. Многу се практични. Имаат тесен круг на пријатели, а пари позајмуваат само на оние во кои имат доверба.
З: овие личности се одговорни, интуитивни, длабокоумни, но понекогаш знаат да бидат злокобни и затворени. Секогаш се тука за пријателите кога им е потребна помош, но за возврат очекуваат благодарност.
Ѕ: овие луѓе имаат голема самоконтрола и сакаат да ги анализираат другите, но често се многу тврдоглави и не прифаќаат туѓо мислење.

 
И: овие луѓе ги краси емпатија, добрина и практичност. Креативни се во секојдневните работи. Добри се во пишување, цртање и имаат дарба за музика, па често стануваат уметници.
Ј: овие личности се вечни деца. Нивната појава е впечатлива и имаат големо срце. Со овие луѓе никогаш нема да ви биде досадно, бидејќи се динамични и способни.
К: Ова се мистериозни личности кои никогаш никој нема да може целосно да ги запознае. Помалку се интровертни, имаат мал број на пријатели – не затоа што тешко воспоставуваат контакти со луѓето, туку затоа што тие така сакаат. Најубаво се чувствуваат во својот свет. Многу се мистериозни.
Л/Љ: овие личности сакаат квалитет и удобност. Често знаат да бидат непријатни во друштвото и тешки се за комуникација. Постојано се грижат за нешто, песимистични се и ретко кој може да им задоволи.

 
М: вистински љубители на природата. Одговорни се, но понекогаш знаат да ги избегнат обврските за да си приуштат некое задоволство. Често се срамежливи, а понекогаш не се грижат за чувствата на другите.
Н/Њ: родени бунтовници. Не трпат авторитет, ниту газди. Имаат остар ум и секогаш се критични кон себе и другите. Предадени се на работата дури и кога не го работат тоа што го сакаат.
О: перфекционисти. Желни се за признанија и почит. Многу се принципиелни, но и конзервативни. Семејството им е на прво место.
П: овие луѓе го живеат животот со полна пареа. Сакаат патувања и возбуда. Живеат за слава и популарност и желни се за големи достигнувања.

 
Р: тие и кога молчат се во центарот на вниманието. Тоа се храбри и самоуверени личности. Имаат цврст став и со нив не вреди да се расправа за било што. Тоа што им е на ум со леснотија го остваруваат.
С: на овие луѓе најважни им се материјалните врендости. Амбициозни се и непоколебливи во работата. Од друга страна, во љубовта се несигурни и често несреќни.
Т: луѓето чие име почнува на оваа буква се чувствителни, интуитивни и креативни личности, на кои им е најубаво во нивниот свет на фантазиите. Ја обожуваат модата и егзотиката. Многу се принципиелни.
Ќ: тажни и меланхолични. Сакаат да ги почитуваат правилата, па затоа се совршени работници. Самокритични се и подготвени да се жртвуваат за другите.
У: вистински авантуристи. Сакаат да патуваат и да работат на својот духовен развој и издигнување. Никогаш нема да работат нешто што не го сакаат.

 
Ф: големи индивидуалисти кои ги чуваат своите интереси. Не сакаат да се должни некому за нешто и не ги забораваат услугите кои другите ги направиле за нив. Тие се одговорни личности со исклучително чувство на благодарност.
Х: овие луѓе сакаат да бидат во центарот на вниманието и спремни се да направат се` што е во нивна моќ за да го постигнат тоа. Знаат да се снајдат во секоја ситуација и радо ги прифаќаат критиките.
Ц: останатите ги доживуваат како дрдорковци, на кои јазикот им е побрз од паметот, но зад тоа се кријат вешти манипулатори. Инаку се нежни и секогаш подготвени да ги споделат своите тајни со другите.
Ч/Џ: ќе ги препознаете по аристократското држење и нивната достоинственост. Многу се педантни, смирени и добро образовани.
Ш: ова се скромни личности со скромна смисла за детали и хумор. Расположението постојано им се менува – денес се караат со вас, а утре ќе го заборават тоа. Умеат да бидат одлични и верни пријатели.

 А: личностите чие име почнува со буквата А, се вредни, големи работници, но ги сакаат комфорот и уживањето. Овие личности се труда

Пронајдете не на следниве мрежи: