ДА ТИ СЕ ЗАЛЕДИ КРВТА: Преспале на остров преполн змии отровници

Новинарите Роко Кастори и Џексон Фејџер преспале на Илја Кемада на кој се наоѓа најголема концентрација на најотровни змии на светот.На островот Илја Кемада, 32 километри од брегот на Сао Паоло во Бразил, живеат околу 4000 примероци од најсмртоносните змии на светот, што претставува најголема концентрација од овој вид на влекачи на едно место.
-Беше како во филм на Дејвид Линч гледано од агол на Сатанската позадина. Дарвин во рикверц – го опишуваат тие своето искуство на островот.
Златните змии Bothrops insularis, фаќаат птици во лет и ги убиваат со отровот кој е толку силен што може да го изгори човечкото тело. Поради голема опасност, бразилските власти забраниле доближување на островот, бидејќи љубопитните авантуристи желни за возбуда, често доаѓале тука.
Илја Кеимада познат како „остров на змиите“ зазема површина од 430 квадратни метри, и е единствено место на светот за кое е познато дека на него живеат овој вид на змии, пишува Дејли Мејл.За сета среќа, бидејќи важат за најотровни змии во светот.
Денес на островот имаат пристап само неколку научници кои ги проучуваат змиите, а ловокрадците доаѓаат да ги фаќаат отровниците, чија цена на црниот пазар достигнува до 30000 долари.
Како оваа змија која не се разликува премногу од своите сродници на копно, стана толку смртоносна?
Преовладува теоријата дека морето пред 11000 година пораснало, и дека тогаш островот се одвоил од континенталниот дел на Бразил. Изворите на храна на островот се сведени на минимум, па змиите се гранеле со птици селици.

Но, дека змискиот отров делува со извесно закаснување, понекогаш од по неколку денови, птиците кога би почнал да делува би биле далеку од островот. Научниците веруваат дека тоа е причина што Bothrops insularisпочнале да лачат отров кој бил толку силен што убива во моментот.
Отровот на златните змии е дури 5 пати посилен од отровот на другите змии и може да изгори и човечко месо.
Како изгледа да се помине ноќта на најопасното место на планетата Земја погледнете во документарниот филм на овие бестрашни новинари:
На островот Илја Кемада, 32 километри од брегот на Сао Паоло во Бразил, живеат околу 4000 примероци од најсмртоносните змии на светот, што претстав

Пронајдете не на следниве мрежи: