И отсекле глава на змија долга 7,6 метри за да не проголта дете

Откако еден турист сликал тело на змија, за случувањето дознале и борците за правата на животните па ги обвиниле жителите на Бенито Јуарез за непотребно убивање.Жителите на мексиканското село Бенито Јуарез уловиле дивовска змија долга дури 7,6 метри,а потоа и ја отсекле главата за да не може да ги нападне децата. Во лов на големиот влекач се упатиле патниците од еден воз, кои ја забележале змијата, пренесува Daily Mail.
Тие се наоружале со мачети и стапови и ја опколиле змијата пред да успее да отиде накај грмушките.
– Никогаш не сум видел толку голема змија. Таа претставуваше голема опасност за децата и стоката – вели жителот Никандро Агуилар. Убиената змија живеела во пештерата која се наоѓала во близина, а жителите виделе дека таа била виновна за исчезнувањето на неколку млади домашни животни за што претходно ги обвинувале орлите. Откако еден турист го сликал телото на убиената змија за случувањето дознале и борците за правата на животните па ги обвиниле жителите на Бенито Јуарез за непотребно убивање. Но, жителите порачаа дека и тие имаат право да ги заштитат своите права, но и животот на животните кои ги поседуваат. Жителите на мексиканското село Бенито Јуарез уловиле дивовска змија долга дури 7,6 метри,а потоа и ја отсекле главата за да не може да ги нападне д

Пронајдете не на следниве мрежи: