7 нешта кои не сте ги знаеле за Гаврило Принцип, зачетникот на Првата Светска Војна

Пред еден век, на овој ден, на еден агол на улица во Сараево, Гаврило Принцип го испука истрелот кој ја започна Првата Светска Војна. Тој ги разбуди тензиите кои со години тлееја помеѓу Австро-Унгарија и германија од една страна и Британија, Франција и Русија.1.Името му е Гаврило, или Гаврил
Неговото име потекнува од она на Архангел Гаврил. Мајка му сакала да го вика Спиро, по нејзиниот починат брат, но свештеникот кој го крштевал инсистирал да му го даде името според ангелот Божји.
2.Имал само 19 години кога го убил Франц Фердинант
Ова го прави Гаврило најпознатиот тинејџерски деликвент во историјата. Во тоа време во Австро-Унгарската империја важел закон дека само луѓе над 20 години може да се казнат со смртна казна. Гаврило е осуден на 20 години затвор, но умира по 4 години од туберкулоза.
3.Имал иста националност како и Адолф Хитлер
Гаврило е роден во Босна и Херцеговина, земја која во 1878 година буквално преку ноќ од Отоманска територија влегла во границите на Австро-Унгарија. Луѓето таму немале пасоши, но имале специјални патни исправи кои им овозможувале да се движат низ целата империја, но и надвор.
4.Како убиец, Гаврило имал ѓаволска среќа
Од за сега непознати причини, возачот на франц фердинант наместо со нормална брзина да помине покрај аголот, застанал и свртел назад, по што некој му викнал да сопре. Гаврило со само еден истрел успеал на место да го убие Фердинант. Му ја погодил вратната вена, па Франц Фердинант умрел за само неколку минути.

5.Гаврило Принцип не бил српски националист
Гаврило всушност бил јужнословенски националист. Тој иако по етничка линија бил Босански Србин, сакал да ги обедини сите луѓе од БиХ, сите Босанци, Хрвати, христијани и муслимани. Впрочем, верувал дека со атентатот над фердинант ќе ги мотивира луѓето да се борат против австро-унгарските окупатори.
6.Планот му успеа, но по многу висока цена
Делото на Гаврило започна огромен воен конфликт во кој загинаа милиони луѓе и се распаднаа многу империи. Како и да е, јужните словени се обединија и ги истераа австро-унгарските окупатори од земјата, која подоцна ја нарекоа Југославија.
7.Неговото наследство за Балканот беше токсично
Гаврило сонуваше за обединување на Јужните Словени, но тие во 90-тите беа повторно растргнати од војни кои избија поради меѓусебна национална и етничка нетрпеливост. Многумина денес го обвинуваат Гаврило Принцип поради својата националност, заслепени од денешната голема доза на национализам. Неговото наследство е до толку токсично, што 100 години подоцна, неговата родна Босна се уште ен знае дали да го слави или не.1.Името му е Гаврило, или Гаврил
Неговото име потекнува од она на Архангел Гаврил. Мајка му сакала да го вика Спиро, по не

Пронајдете не на следниве мрежи: