Пајак прави „појас на невиноста“ за својата женка?

Научниците открија како мажјаците од еден вид пајаци го штитат своето семе по парењето.„Малку претпазливост не е на одмет“ е мотото на овие мачо-пајаци, кои по парењето прават „појас на невиноста“, всушност чеп, со цел да ја спречат женката да снесе туѓи деца, пишува француски Фигаро.
Имено, женките од видот Oedothorax retusus, имаат обичај да складираат сперма од поголем број мажјаци која би ја употребиле за време на оплодувањето на јајце-клетките.
Група германски научници, чија студија е објавена во весникот Behavioral Ecology and Sociobiology, објаснува дека оваа „брана“ не е 100% ефикасна.
Тие констатирале дека „појасот на невиноста“ им оддолева на нападите од друг мажјак во 68% од случаите. Тоа значи дека другиот заводник има 32% да ја оплоди женката и да продре низ цврстиот чеп.
Германските научници ќе продолжат со своите истражувања на овој појас на невиноста. Тие се посебно заинтересирани за неговиот состав, кој сакаат да го синтетизираат со цел да произведат нов вид на лепило.„Малку претпазливост не е на одмет“ е мотото на овие мачо-пајаци, кои по парењето прават „појас на невиноста“, всушност чеп

Пронајдете не на следниве мрежи: