Видео: По ова, постојано ќе џвакате гума за џвакање

Во Музејот на современа уметност во Буенос Аирес, Аргентина, е спроведен еден експеримент каде луѓето требало да оценат кој од двајцата близнаци им остава подобар впечаток.Помеѓу луѓето постои едно сфаќање дека џвакањето гума за џвакање остава лош впечаток, но со овој експеримент ова верување се негира.
Компанијата за гуми за џвакање „Бледнет“ решила да спроведе мошне интересен експеримент. Тие повикале неколку пара идентични близнаци и буквално ги поставиле како експонати во музејот. Единствена разлика помеѓу нив била гумата за џвакање, која ја џвакал еден од близнаците.

Така, кога посетителите ги гледале близнаците, требало да кажат кој им остава подобар впечаток. Од 481 посетители кои дошле тој ден во музејот, неверојатни 73% рекле дека подобар впечаток им остава близнакот кој џвака гума за џвакање.
Со ова е побиен митот дека џвакањето гума за џвакање во јавност, додека разговарате со пријателите и слично, е непристоен и неубав гест.
Помеѓу луѓето постои едно сфаќање дека џвакањето гума за џвакање остава лош впечаток, но со овој експеримент ова верување се негира

Пронајдете не на следниве мрежи: