10 најстари логоа на светот

Уште пред да се појават телевизијата и интернетот, визуелниот дизајн на одреден призвод бил тоа суштинското што го продавало истиот.Сигурно и вие кога нешто купувате и сте неодлучни, се решавате да го земете производот со попривлечно лого. Постојат компании кои и повеќе од еден век си држат до првото лого кое го избрале. Денес ви ги претставуваме 10 логоа на влијателни светски компании кои се најстарите во светот, односно не се променети од нивното создавање.
1. Stella Artois

Оваа Белгиска пивара е основана во далечната 1366 година, од кога и датира и логото на компанијата кое се користи до ден денес. Името на пиварата и пивото се менувале низ годините, но хорната која е составен дел од логото стои таму од самиот почеток па се до денес.
2. Twinings Tea

Чајот не бил отсекогаш главен пијалак во британските оброци. Потребно било многу време за истиот да ги надмине пивото, џинот и кафето. Оваа компанија го извезува својот чај во преку 100 земји од светот. Компанијата Твинингс постои од 1709 година, додека логото кое го употребуваат до ден денес е дизајнирано во 1887 година.
3. Bass Ale

Бас Ајл го користи својот препознатлив црвен триаголник уште од 1876 и е првото регистиррано лого со авторски права. Се смета дека тоа е причината поради која Бас Ајл била една од најуспешните пивари при крајот на 19-тиот и почетокот на 20-тиот век.

 
4. Shell Oil

Препознатливата школка зад себе има интересна приказна. Во 1981 Маркус Семјуел и компанијата извезувале керозин за Индија, а од таму носеле морски школки кои ги продавале во Британија. Бизнисот со школките бил толку популарен, што Семјуел решил зборот „школка (shell)“ да го вклучи во името на компанијата, за потоа во 1903 година како лого да одбере една од школките.
5. Levi Strauss and Co.

Логото на Левис со два коња кои влечат пар фармерки датира од 1886 година. Тоа лого било толку препознатливо, што луѓето во продавниците често барале „од оние фармеркине со два коња“. Било толку популарно што во одреден период во 1928 година компанијата ги крстила своите фармерки како „фармерките со два коња“.
6. Sherwin-Williams

Шервин Вилијамс е еден од најголемите произведувачи и дистрибутери на боја во светот. Компанијата постои од 1886 година, и започнала со лого во форма на камелеон, за во 1905 година Џорџ Форд, шефот на одделот за маркетинг, да го направи препознатливото лого со слоганот „Обој ја Земјата“.
7. Heinz

Хајнц прв пат се појави на пазарот во 1869 година, кога Хенри Хајнц и Л. Кларенс Ноубл користеа зеленчук од градината на мајката на Хајнц за истите да ги флашираат и да ги продаваат. Од тогаш, тие се најпрепознатлив бренд за кеќап и слични сосови од зеленчуци. Логот на компанијата датира исто така од 1869 и од тогаш освен мали измени во фонтот, ништо друго не е променето.

 
8. Prudental

Оваа осигурителна компанија ја користи карпата од Гибралтар како свое лого уште од 1896, околу 20-тина години по нејзиното основање. Велат оти карпата претставува силина, цврстина и сигурност, за што се залагаат од компанијата.
9. Peugeot

Познатиот лав на Пежо постои од 1850 година, и е дизајниран од Џастин Блејзер. Во првиот дизајн, лавот стоел со сите четири нозе на една стрела, но подоцна е направена модификација, стрелата е отстранета а лавот е исправен на две нозе. Пежо стана фабрика за автомобили во 1810 година, а пред тоа беше врвна компанија во бизнисот со велосипеди.
10. Johnson & Johnson

Оваа компанија за медицински и хируршки материјал е основана во 1886, а само една година потоа го дизајнира и своето лого. Логото е дизајнирано според рачниот потпис на еден од коосновачите на компанијата, Џејмс Вуд Џонсон. Компанијата денес е еден од водечките призводители на медицински материјали во светот.Сигурно и вие кога нешто купувате и сте неодлучни, се решавате да го земете производот со попривлечно лого. Постојат компании кои и

Пронајдете не на следниве мрежи: