Каде во светот пивото е најефтино, а каде најскапо?

Цените на еден од најомилените пијалаци на светската популација може драстично да варираат од град в град.На пример, ако ви се присака пиво во Осло, можеби малку ќе подразмислите пред да купите. Пивото во Осло е најскапо на светот, и чини околу 3,55 евра за шише од 0,33 литри, или околу 200 денари.
Малку појугоисточно пак, во Варшава, можете да го најдете најефтиното пиво на светот, каде шишињата од 0,33 литри чинат околу 80 центи, или околу 50 денари.
Погледнете ја на наредната страница листата на најефтини и најскапи пива по градови. Можеби многу ќе ви помогне да си го испланирате летниот одмор.

Топ 10 градови со најскапо пиво:
1. Осло – 3,55 евра
2. Цирих – 3,04 евра
3. Токио – 3,03 евра
4. Тел Авив – 2,38 евра
5. Лондон – 2,1 евра
6. Куала Лумпур – 1,97 евра
7. Сиднеј – 1,95 евра
8. Сингапур – 1,92 евра
9. Хонг Конг – 1,84 евра
10. Рио де Жанеиро – 1,72 евра

Топ 10 градови со најефтино пиво:
1. Варшава – 0,8 евра
2. Берлин – 0,82 евра
3. Прага – 0,92 евра
4. Лисабон – 0,96 евра
5. Даблин – 0,96 евра
6. Мексико Сити – 0,98 евра
7. Богота – 1,02 евра
8. Будимпешта – 1,03 евра
9. Мадрид – 1,05 евра
10. Амстердам – 1,06 евраНа пример, ако ви се присака пиво во Осло, можеби малку ќе подразмислите пред да купите. Пивото во Осло е најскапо на светот, и чин

Пронајдете не на следниве мрежи: