ТЕСТ: Проценете ја личноста според отисокот од карминот!

Новата дисциплина, липсологија е многу популарна во Америка, а стручњаците одредиле 25 категории усни и преку 100 поткатегории. Намачкајте ги усните со кармин и направете отисок на хартија, па врз основа на тоа ќе дознаете некои работи за себе.1. Триаголниот отисок на усните го оставаат луѓето кои секогаш им стојат на располагање на другите и добро ги проценуваат другите личности.
Ако се подеднакво нагласени двата краја на усните, значи дека сте под стрес. Помалку изразените линии укажуваат дека не сакате да разговарате за проблемите, додека пренагласен отисок имаат оние кои постојано се жалат, но ништо не преземаат.
2. Ако усните на хартијата се цврсто затворени, тоа значи дека сте многу одлучни и сигурни. Што и да решите никој не може да ве предомисли.
3. Кога отисокот од карминот е во облик на правоаголник, значи дека успешно ги решавате тешкотиите и храбро се соочувате со проблемите.

4.  Многу тенката горна усна покажува дека сте перфекциониста и дека многу барате.
5.  Прилично дебела горна усна укажува дека сте великодушни, ги сакате животните, децата и храната.
6. Изразено заоблени усни имаат енергичните луѓе кои го почитуваат мислењето на другите и се подготвени да помогнат. Сакаат промени и изненадувања.
7. Прецизен отисок од карминот оставаат строгите личности, кои сакаат организација за помалку стрес.
8.  Блед и едвај видлив отисок е знак дека ви треба одмор од секојдневните обврски, бидејќи енергијата ви е сведена на минимум.
Каков е вашиот бакнеж?1. Триаголниот отисок на усните го оставаат луѓето кои секогаш им стојат на располагање на другите и добро ги проценуваат другите личности.

Пронајдете не на следниве мрежи: