Бизарни факти за човештвото што ќе ви го свртат умот – втор дел

Во модерниот свет се случуваат толку многу работи, кои дефинитивно не` тераат да се запрашаме зошто некоја личност прави одредени работи. Со цел да го држите мозокот зафатен додека чекате во некоја гужва, ви приложуваме неколку филозофски мисли за нашиот чуден свет. Ова е втор дел од приказната. Уживајте.Луѓето од модерниот живот се ослободуваат од ѓубрето, но не и од луѓето-ѓубриња
Некогаш одамна, луѓето ги задржуваа и најситните објекти од домаќинството. Индустриската револуција и модерниот начин на живеење ги направи луѓето да се ослободуваат од нефункционалните работи и да се приврзуваат за лоши личности. За да се докаже овој факт, прашајте ги постарите што би направиле со неколку стари маици. Тие ќе најдат најмалку 5 работи за кои можат да ги употребат, што на Вам не би ви текнале.
Политичарот е спротивност на Робин Худ
Голем број од политичарите собираат пари од сиромашните за да им ги дадат на богатите. Но, луѓето сепак им даваат гласови. Со други зборови, човештвото гласа за оној што секојдневно ги краде.
Човештвото некогаш беше тероризирано од досадата, денес му е здосадено од тероризмот
Еден од најчудните факти е тоа што луѓето некогаш се обидуваа да ја разбијат досадата изведувајќи чудни, сурови и бизарни точки со цел да ја анимираат толпата (како гладијаторите). Денес, тероризмот е еден од најдосадните чинови и веќе претставува толку вообичаена работа во светот што воопшти не не` изненадува.
Потребно е лудило за да се биде светски водач
Факт е дека големите владетели од историјата страдаат од мал степен на лудило. Некои го имаат насочено лудилото кон погрешни дејства, како на пример Хитлер, други го насочија кон освојување на светот. Ако застанете и размислите на една минута и ги анализирате светските водачи, ќе пронајдете неколку знаци кои ќе ја поткрепат оваа теорија.
Луѓето се единствените суштества што плаќаат за да можат да живеат на Земјата
Плаќаме за храна, забава, услуги и за се` што ни е потребно за да не одржи во живот. Размислете: кога последен пат сте уживале со најблиските без да платите? Дури и кога одите во парк со децата треба да платите за нешто, со цел повеќе да уживате во тие моменти.Луѓето од модерниот живот се ослободуваат од ѓубрето, но не и од луѓето-ѓубриња
Некогаш одамна, луѓето ги задржуваа и најс

Пронајдете не на следниве мрежи: