Ова не сте го знаеле: Епизода од анимираната серија „Покемон“ предизвикува епилептични напади кај гледачите

38-мата епизода од првата сезона на најгледаната анимирана серија на светот всушност била многу опасна по здравјето на гледачите.Станува збор за сцена во времетраење од околу 10 секунди каде Пикачу со својот електричен напад уништува неколку проектили, создавајќи голема експлозија, при која ТВ екранот светка многу брзо во сина и црвена боја.
Вечерта на 16 Декември 1997 година, кога епизодата за прв пат се прикажала во Јапонија, околу 200 000 деца и возрасни кои ја гледале се пожалиле на болки во очите, главоболки, а кај некои дури се јавиле и епилептични напади.
658 од гледачите дури и побарале итна лекарска помош. Истите биле пренесувани до болница, но по пат во амбулантните коли состојбата им се подобрувала. Сепак, околу 150 деца биле хоспитализирани, а две од нив останале во болница речиси две недели.

По овие случувања, од спорната епизода биле отстранети сцените со силни блесоци пред истата да се пушти и на останатите ТВ канали низ светот. Од ТВ Токио, каналот кој ја прикажувал премиерата на епизодата, наредниот ден упатиле извинување до сите гледачи кои претрпеле последици од спорната сцена.
Ви прикажуваме видео од сцената која ги „заслепи“ децата во Токио.
Ве предупредуваме: Сцената содржи силни блесоци. Доколку сте осетливи на такви блесоци, не го гледајте ова видео.
Станува збор за сцена во времетраење од околу 10 секунди каде Пикачу со својот електричен напад уништува неколку проектили, создавајќи голема експл

Пронајдете не на следниве мрежи: