Хаким Олусеји: Како луѓето ќе реагираат на доаѓањето на вонземјаните

Пронаоѓањето на планети кои можат да го поддржуваат животот на луѓето е особено важно, бидејќи набрзо ќе дојде времето кога нема да можеме да преживееме на Земјата, смета астрофизичарот Олусеји.Астрофизичарот Хаким Олусеји од Институтот за технологија на Флорида, беше гостин во играната документарна серија Alien Encounters.
Наведената серија комбинира разговори со вистински научници и драматизација, а во новата емисија астрофизичарот се обидуваше да објасни како луѓето би можеле да реагираат на доаѓањето на вонземјаните.
„Буквално ќе бидат залепени за своите телевизори, некои ќе полудат и секако дека ќе може да се очекуваат различни реакции. Некои одеднаш ќе добијат верба, а некои ќе ја загубат. Нашето гледање на светот и местото во него, целосно ќе се променат“, изјави тој.
Олусеји објасни: „Доаѓањето на вонземјанската цивилизација значи дека постојат други интелигентни видови и ние тогаш ќе знаеме дека не сме сами. Тоа ќе има големо значење, како она кога научивме дека Земјата не е центар на светот“.
„Новиот свет на можности ќе ги отвори нашите умови. Самите себеси поинаку ќе се видиме. Понекогаш размислувам за тоа како нашите меѓусебни разлики би исчезнале кога би ни се заканила опасност од вонземјаните“.
„Јасно е дека во вселената имаме јасен избор, или ќе научиме како да ја напуштиме нашата планета, или ќе изумреме. Планетите се привремени, ѕвездите се привремени и опстанокот зависи од способноста за прилагодување. Вселената е дизајнирана на тој начин и оние видови кои ја имаат таа можност ќе мораат да ја напуштат планетата и да колонизираат некоја друга“.
„Сите останати во оваа вселена ќе изумрат“, заклучи астрофизичарот.Астрофизичарот Хаким Олусеји од Институтот за технологија на Флорида, беше гостин во играната документарна серија Alien Encounters.
Наведен

Пронајдете не на следниве мрежи: