Зелената ја сакаат емотивците, жолтата практичните, а виолетовата фантазерите…

Психологија на боите: Омилената но и омразената боја открива многу за вас…Омилената боја кажува многу за карактерот на човекот, како тој функционира и како другите го доживуваат, говори теоријата за психологијата на бои. Тоа не мора да биде таа што постојано ја носите на облеката или онаа во која ви е обоен домот, туку онаа во која се чувствувате смирено додека ја носите. 
Но и боите кои не ги сакате исто така откриваат многу за вашиот карактер, односно ги откриваат неговите слабости и недостатоци. Добар трик е да внесете и мала количина од омразените бои во вашето секојдневие за да допринесете за рамнотежа. 
Ако две бои ви се подеднакво драги прочитајте кои особини се врзуваат за тие бои, затоа што претставува комбинација од она што ве мотивира и поттикнува. 
Црвена сакаат љубителите на акција
Црвената е симбол на енергија, страст и виталност. Често ја сакаат темпераментни луѓе. Се поврзува со амбиција, добра процена на луѓето, но и со оптимизам. Ја сакаат љубители на акција и интелигентни, но често и нервозни луѓе кои не се самокритични. 

 
Портокалова е боја на друштвените и креативните
Ако ова е вашата омилена боја, тогаш веројатно имате голема потреба од луѓе, топлина во односите со околината. Обично се популарни во секоја средина но и многу креативни. Мана им е преголемото драматизирање, преврлтивоста и неодлучноста. 
Жолтата е боја на среќата и практичноста
Ако ви е оваа омилена боја тогаш во се барате некоја логичка смисла и ред. Сакате да ја истражувате својата индивидуалност, а во постојана потрага сте за нови предизвици. Маана им е неодговорноста. 
Зелената е боја на љубовта и сигурноста
Луѓето на кои им е оваа боја омилена имаат потреба за љубов и припадност. Исто така сакаат да почуватвуваат сигурност и прифаќања во меѓучовечките односи, а најмногу страдаат доколку оние што ги сакаат не ги ценат. Квалитет им е емпатијата, смиреноста и искреноста, а маана преголемата потреба да бидат прифатени. 
Сината ја сакаат оние кои тежнеат кон мирен и складен живот
Тие се големи фантазери, кои веруваат во идеали. Сината е кралска боја која е симбол на сила и мудрост, а тие кои ја сакаат изгледаат меланхолично. Сонуваат за рамноправност, а маана им е наивноста. 

 
Виолетовата ја сакаат сонувачите и индивидуалците
Тие се индивидуалци, а доблест им е чувствителноста и желбата да бидат единствени и поинакви од другите. Темпераментни се и обично се уметници. Склони се кон иронија и песимизам. 
Кафената ја сакаат трпеливите и издржливите
Го сакаат својот внатрешен мир, домот и удобноста. Најчесто се многу трпеливи и издржливи. Тие се одговорни и верни, маана им е што се тврдоглави. 
Љубителите на црна сакаат контрола
Оние на кои им е црната омилена боја имаат голема потреба за моќ и контрола. Од надвор изгледаат цврсто и сталожено, но многу се поемотивни од колку што мислите. 
Белата ја сакаат љубителите на совршенство
Белата е симбол на чистота и невиност но и наивност. Се стремат кон совршенство, често многу се ориентирани кон минатото наместо да живеат во сегашноста. 
Омилената боја кажува многу за карактерот на човекот, како тој функционира и како другите го доживуваат, говори теоријата за психологијата на бои.

Пронајдете не на следниве мрежи: