Толкување на соништата: Еве што значи местото, настанот но и честите симболи во сонот!

За да го знаете значењето на сонот потребно е да одговорите на следните прашање-кои сте, што ви е потребно и во што верувате?Постојат стотина толкувања на соновите без оглед на земјата или културата во која некој припаѓа, но Иан Валанс е дипломиран психолог кој е специјалист за сонови. 
Па така тој освен ноќните соништа, во овој дел ги става и желбите и надежите на човекот кој сонува додека е буден. Притоа често тоа што се посакува во реалноста и се сонува навечер. 
За да го знаете значењето на сонот потребно е да одговорите на следните прашање-кои сте, што ви е потребно и во што верувате?
Кои сте најчесто го открива идентитетот на личностите кои ги создавате во соништата. 
За да најдобро постапите и се одлучите морате да ги прифатите своите различни идентитети. Што ви е потребно често покажува што вам во сонот ви е најважно и највредно. Потребите се отсликуваат во она што најмногу го цените и тоа што ве привлекува во соништата. А во што верувате се однесува на вашиот став кон одредена ситуација. 
Па на пример, ако сонувате како доцните на состанок, значи дека се плашите дека ќе пропуштите да искусите некоја шанса во реалниот живот. 
Состанокот е временска рамка која сте си ја задале за остварување на некоја посакувана цел, на пример создавање семејство- а сфаќате дека времето ви истекува. Затоа овој сон ви порачува да се сконцентрирате кон посакуваната цел а другото да го оствите на страна. Кога тоа ќе го одлучите, насоката ќе ви стане јасна, а напредокот ќе го планирате според распоред. 
Кога сонувате дека забите ви се расипани и ви паѓаат, размислете за енергијата и самодовербата. Овој сон укажува на тоа дека сте соочени со предизвик во кој ја губите самодовербата и способноста да го совладата. Сонот ви порачува дека морате да бидете полни со самодоверба и да постапувате онака како што од вас се бара. Иако се чувствувате беспомошно, доволно е само сигурно да настапите. 

 

Местото во соновите
Познатите места од соновите го одржуваат вашиот внатрешен свет, а непознатите места ги создавате за да може да истражите непознати моќи и можности. 
За да го запомните сонот, минута по будењето не отварајте очи
Сонувавте дека некој или нешто ве прогонува, било да станува збор за луѓе или чудовишта, и дека сака да ви наштети а вие никако не успевата да побегнете или да се скриете, односно станувате со секој чекот се повознемирени?
Во соновите никогаш не може да побегнете од прогонителот, затоа што секогаш ве прогонува дел од вас, а од себе не може да побегнете. Овој сон најчесто го предизвикува некоја личност или настан, но не ве прогонуваат тие туку вас ве прогонува доживувањето на таа ситуација и нејзиното влијание. На пример ако ве прогонува животно тоа укажува на порив кој тешко го прикажувате во јавност, а а ко ве прогонува чудовиште, имате моќен талент кој ви е тешко да го развиете.
Од овој сон ќе се ослободите кога ќе сознаете што предизвикува напнатост во вашиот живот. И кога ќе се обидете тоа да го решите- тоа значи дека ќе мора да го напуштите познатиот терен за да може да продолжите напред. Сонувате дека сте голи во јавност и вам ви е неугодно, а изгледа дека никој тоа не го забележува- тоа значи дека поради некоја ситуација се чувствувате ранливо. Овој сон најчесто го сонуваат луѓе кои ќе дојдат на ново работно место или се впуштаат во нова врска. Облеката која ја носите е сликата која сте подготвени да ја покажете во јавност, а тоа што никој не доживува дека сте голи- значи дека сите и понатаму ве доживуваат како личност со висока самодоверба. 

 

Змиите се често знак за вашата способност за раст и созревање. Сонот служи како предупредување на шансата дека во реалниот живот треба да остварите лична промена. Односно да се ослободите од старите навики и да се впуштите во личен развој. 
Доколку често сонувате исти соништа, обрнете внимание на нив. Соновите кои се повторуваат често се поважни од еднократните. Не се обидувајте да ја игнори рате пораката која си ја креирате секоја ноќ- започнете да го решавате проблемот.
 
Сон за летање
Значи ослободување од ограничувањата или обврските. Сонот покажува дека се чувствувате послободни од вообичаено. 
Смирување со поранешниот
Сонувате ли дека водите љубов со поранешниот партнер- тоа значи дека некоја ситуација во вашиот живот бара да поседувате карактерни црти како вашиот поранешен партнер. 
Збогум, драги…
Смрт на саканата личност симболизира конечен крај на начинот на живот и почеток на нов начин. Укажува на големи промени во вашето секојдневие. 
Заљубеност
Се заљубивте ненадејно во одредена личност- тоа значи дека ненадејно сте почнале да сознавате дел од вашите особини. 
Паѓање
Паѓањето во сон се поврзува со неуспех во реалниот живот. Често е резултат на насобран стрес кој ве поттикнува смирено да постапите во некои животни подрачја.

Животни во соновите
Лисица- ќе откриете кои ви е лажен пријател. Ако ја фаќате ќе ве изневери некој што го сакате. Уловена е симбол за успех.
Мачка-ако нема опашка тоа значи губење на самосталноста. Ако ве гризне црна мачка-слушајте ја интуицијата. Бела мачка означува тешко време. 
Лав- симбол на моќ и доминација над другите. Ако ве напаѓа би можело да ви биде убиштена самодовербата.
Слон- треба да бидете трпеливи со луѓето. Ако се плашите од слон ќе треба да се соочите со големи проблеми. 
Тигар-ќе бидете опкружени со љубоморни и опасни луѓе. 
Куче-Сакате да ги прикриете своите недостатоци. Ако ве гризне покажува неодлучност во следните ситуации. 
Волк-Бел волк значи храброст. А ако убивате волк упатува на издавање. 
Змија-Ако се појави на кревет, значи дека чувствувате сексуална немоќ. Змија со глава на двете страни е знак за пречуватвителност.
Глушец-Означува безначајност. Ако сте го уловиле- не стоите на сопствени нозе туку други ве буткаат. 
Зајак- Ако ви скокне во сон ќе бидете опкружени со полно деца. Ако сонувате бел зајак верувате во љубов.
Свиња-себичност и тврдоглавост. Постојат стотина толкувања на соновите без оглед на земјата или културата во која некој припаѓа, но Иан Валанс е дипломиран психолог кој е специјал

Пронајдете не на следниве мрежи: