ВИ ГО ОТКРИВАМЕ КАРАКТЕРОТ: Бојата која ја сакате зборува многу за вас, а бојата која не ја поднесувате…

Психологија на бои: Омилената, но и бојата која не ја поднесувате говори многу за вас, како и за тоа што би сакале да го промениме кај себе. Откријте каква симболика носи секоја боја.Омилената боја говори многу за карактерот на човекот, како тој функционира и како другите го дозивуваат. Ова не се однесува на бојата која постојано ја носите или со неа сте ги бојадисале ѕидувите, туку онаа со која се чувствувате живо и смирено додека ја набљудувате.
Исто така бојата која не ја сакате говори за вашиот карактер, подобро кажано ги открива вашите слабости и недостатоци. Добар трик е да внесете и малку од онаа боја која не ја сакате во вашето секојдневие, што ќе допринесе за рамнотежа и енергија на боите во вашиот живот.
Ако две бои ви се еднакво драги, рочитајте кои особини се врзуваат за таа боја, бидејќи претставуваат мотивација за она што ве мотивира и тера да родолжите понатаму.
Црвена боја сакаат љубителите на акција
Црвената боја е симбол на сила, страст и виталност. Често ја сакаат екстровертни и темпераментни, или пак оние кои би сакале да се такви личности. Се поврзува со амбицијата, добра проценка на луѓето, но  со оптимизам. Љубителите на црвената боја, сакаат акција, но често се нервозни и немаат самокотрола.
Портокалова е боја на друштвените и креативни личности
Ако портокаловата ви е омилена боја најверојатно имате голема потреба за луѓе, топлина во односите со нив и воопшто сакате друштво. Обично се популарни во секоја средина, а на работното место реативни. Мана им е претераното драматизирање, превртливоста и неодлучноста. Портокаловата боја е боја на љубопитност, енергија и младост.

 
Бела боја сакаат љубителите на совршенството
Белата боја е симбол на чистотата и невиноста, а оние кои ја сакаат оваа боја теженат кон совршеноство и едноставност. Меѓутоа, оние кои и во зрелите години ја обожаваат оваа година значи дека сè уште имаат младешки дух или копнеат за деновите кога биле млади.
Сивата е боја на прибраност
Сивата боја претставува „златна средина“ – спој меѓу црната и блеата боја. Оние кои ја обожаваат оваа боја се карактеризираат со смиреност и прибраност. Низ животот, тие одат со студена глава и секогаш се подготвени за компромис. Генерално, тие се многу амбициозни луѓе, свесни за тоа што го прават и љубители на работата.
Розевата е боја на оние кои сакаат сигурност
Самата боја е многу нежна и се поврзува со убави чувства. Луѓето кои ја сакаат оваа боја обично на прво место ја ставаат љубовта.  Тоа не е само љубов кон саканата личност, туку и кон сè што ги окружува. Тие се големи сонувачи кои тежнеат кон сигурност, така што семејството им е најважно.
Жолтата е боја на среќа и практичност
Ова е бојата на бунтовниците и хипиците. Оваа боја е омилена на оние кои секогаш се подготвени за нови нешта, весели и со изразена смисла за хумор, но и чувство за работа. Како боја, жолтата е симбол на мудроста и интелектот, така што нејзините љубители се карактеризираат со цврсти ставови и креативност.

 
Сината боја е на пријателството
Оние кои ја сакаат оваа боја се одлични пријатели. Тие се полни со емпатија и грижа кон другите, така што оние околу нив често им се восхитуваат поради одлучноста и цврстите ставови. Се карактеризираат со конзервативност, така што не се многу флексибилни и подготвени на компромис. Тие се верни и посветени на градење на пријателството, а истото го очекуваат и од останатите.
Зелената е боја на љубовта и емотивноста
Зелената е боја на мирот и хармонијата, што е карактеристика и на оние кои се љубители на оваа боја. Тие се искрени и смирени, бидејќи мирот им претставува најважна ставка во сите животни аспекти. Со оглед на тоа дека се фини и скромни, често се предмет на искористување од лошите „пријатели“.
Виолетова боја сакаат сонувачите и индивидуалците
Овие луѓе се големи индивидуалци, кои тешко се вклопуваат во калапот. Тежнеат кон тоа да бидат едноставни и тешко им паѓа авторитетот, така што во работат се насочуваат кон високи позиции. Тие се темпераментни и имаат талент за уметност. Одбранбен механизам со кој често се служат е сарказмот.
Љубителите на црна боја сакаат контрола
Црната е боја на отменоста и достоинството. Оние кои ја сакаат оваа боја се дискретни и по малку таинствени. Оаа боја може да значи и потиснување на желбите и целите, што може да влијае на нивната емотивна страна. Тие тешко се отвораат, држат до себе но се одлични пријатели кои се секогаш подготвени да понудат помош, кога е потребно.
 Омилената боја говори многу за карактерот на човекот, како тој функционира и како другите го дозивуваат. Ова не се однесува на бојата која постојан

Пронајдете не на следниве мрежи: