Фото: За да личи на самовила ги „зашилила“ ушите!

Инспирирана од филмот „Господар на прстените“ и вилите кои во него се појавуваат,  Мелинда Мун (23) од Онтарио, платила 400 долари за операција на ушите.На ушите на врвовите ги „зашилила“ за што повеќе да наликува на вили, затоа што верува дека токму тоа била во минатиот живот.
– Зашилените уши се неодоливи. Кога дознав дека и јас можам со операција тоа да добијам, не се двоумев. Вилите ме привлекуваат поради својата невиност, елеганција и слободниот дух. Тие се симбол на љубовта и смеата, раскажа мелинда за „Дејли Мејл“.
Таа признава дека имала болки еден ден после операцијата, ушите и биле отечени и ја печело, но смета дека сето тоа вредело.
Вели дека многумина мислат дека зашилените уши само се маска и остануваат збунети кога им кажува дека се вистински.

Вилите ја привлекувале од кога била дете, а како теинјџерка често користела шминка за да личи на нив.
Нејзините пријатели ја поддржуваат и често знаат да ја „искористат“ за Божиќ.
– Им кажуваат на децата да бидат добри, затоа што знаат една вила која ќе му каже на Дедо Мраз дека се лоши. Децата не веруваат, но кога ќе ги видат моите ужи, сепак не можат а да не се запрашаат дали е сепак тоа вистина, вели „вилата“ Мелинда.
На ушите на врвовите ги „зашилила“ за што повеќе да наликува на вили, затоа што верува дека токму тоа била во минатиот живот

Пронајдете не на следниве мрежи: