Трагично заврши познатата хумористичната серија „Луд, збунет, нормален“

Хумористичната серија “Луд, збунер, нормален”, која од Босна и Херцеговина се прошири на останатите земји од регионот, заврши по 144 епизоди и тоа со авионска несреќа во која загинаа главните актери Дамир, Фарук и Изет Фазлиновиќ.
 Во овој момент не е познато дали серијата се заврши поради заморот од материјалот или некоја друга причина, но во последната епизода прикажан е дел од вестите во кои се кажува дека можеби Дамир, Фарук и Изет загинале во падот на авионот кој полетал од аеродромот во Сараево, но на вестите кажуваат и дека има патници кои задоцниле на летот.
Во последната епизода е прикажана празната куќа на семејството Фазлиновиќ во која во еден момент се вкучува телевизорот на кој е прикажан спотот “Друже стари” на бендот Карне, а песната ја пее актерот Мирај Грбиќ, во серијата познат како Чомбе.
Не се знае дали ке продолжи снимањето на сертијата и дали ке има нова шеста сезона или ова е крајот. Останува да дознаеме, а актерите ке ги видиме во некои нови филмски остварувања. Во продолжение погледнете ја последнава епизода од популарната серија “Луд, збунет, нормален”.
Погледнете го видеото на think.mkВо овој момент не е познато дали серијата се заврши поради заморот од материјалот или некоја друга причина, но во последната епизода прикажан е дел

Пронајдете не на следниве мрежи: