Луѓе кои го преживеале невозможното

Што би рекле старите, не им било пишано тој ден.5. Заробен под вода, цели три дена
Харисон Окене се спремал за својата венчавка. Бил млад, среќен и имал добра работа како готвач на брод. На 26-ти мај оваа година, се разбудил и тргнал кон бањата. А потоа нешто удрило во бродот, кој малку подоцна потонал. Тој, пронашо церада и ќебе со кое успеал да го запре протекувањето на вода во неговата кабина. Пронашол вода и храна, и сето тоа време бил во неговата кабина, а водата таму достигнувала ниво, речиси до неговата карлица. Како да тоа не е доволно, па и ајкулите започнале да влегуваат во трупот на бродот во потрага на храна. Кога велиме храна, мислиме на неговите колеги. 62 часа тој бил заробен подвода.
Благодарејќи на компресираниот воздух, односно, кога бродот потонал, притисокот на водата го складирал целиот воздух во малобројните џебови (кабини). Па во самите кабини имало повеќе кислород од вообичаеното. Токму тоа го спасило Харисон. Кога компанијата испратила нуркачи, 3 дена подоцна им станало јасно дека во шуплините на бродот има некој жив. Спасувачките и нуркачките екипи го извлекле, некое време тој бил во хипербарична комора, но сега тој е жив и здрав, а Холивуд се спрема да сними филм.
4. Во длабочините на торнадото
Наша среќа е тоа што не можеме да видиме торнадо во живо на овие простори. Но затоа знаеме како изгледа благодарение на филмовите. Мат Сутер, во 2006 година имал 19 години, и тргнал во посета на својата баба. Потоа времето се влошило, поточно се приближувало торнадо. Мат влегол во приколката и ги затворил прозорците. Во следниот момент тој бил во воздух со се приколката. Но ако мислите дека силниот ветер од 300 км/ч го разнел на мали парчиња, грешите. Тој се онесвестил, и со неверојатно чудо преживеал. Подоцна тој се разбудил среде поле, во близина на местото на настанот, малку подалеку од потполно уништената приколка, но тој бил во добра здравствена состојба односно поминал само со неколку гребнатинки. Ова не е прв пат, во 1955-та година, еден деветогодишник преживеал слична ситуација.
3. Мегацунами
Далечната 1958 година се случило мегацунами, поточно најголемото кое се случило до сега. И цунамито не е баш фина работа, но во овој случај зборуваме за мегацунами, кое му се случило токму на едно рибарско бродче. За почеток да ви кажеме дека самиот бран, бил повисок од “Empire State Bulding” и имал повеќе од 500 метри височина. А тоа е навистина многу. Настанал од парче планина од 30.6 милиони кубни метри карпа која се одронила, и паднала во морето, во близина на Алјаска. Бранот уништил се околу себе, освен неколку момци кои безгрижно сурфале на него.
Повеќе на think.mk
 5. Заробен под вода, цели три дена
Харисон Окене се спремал за својата венчавка.

Пронајдете не на следниве мрежи: