Починале заедно, по 65 години брак!

Харолд и Рут Кнапки беа во брак 65 години и ја негуваа својата љубов додека смртта не ги раздели. Денови пред да ја прослават 66-годишнината од стапувањето во брак, тие го напуштија овој свет во истиот ден.Харолд починал утрото на 11 август, а Рут воздивнала за последен пат 11 часа подоцна, во собата во која живееле заедно во старечки дом во Охајо.
„Сметам дека сите се согласуваме дека не беше случајност. Кога мама се разболе, се обидовме јасно да му кажеме на тато дека таа нема да преживее, а тој на почетокот изгледаше доста растревожен. Но потоа, се смири и сметам дека одлучи: Не, таа нема да замине без мене“ – изјавила нивната ќерка Керол Роми.
Харолд и Рут Кнапки
Рут и Харолд се познавале уште од мали нозе. Започнале да се допишуваат за време на Втората светска војна, додека Харолд служел војска, но подоцна нивното пријателство преминало во љубовна врска. Рут секогаш се шегувала: „Му дозволив да трча по мене додека не го фатив!“. Парот стапил во брак на 20 август 1947 година. На нивниот некролог пишувало дека ќе ја прослават годишнината од бракот заедно во рајот.
Рут и Харолд на свадбениот ден
Рут и Харолд израснале шест деца и им се радувале на 14 внучиња и 8 правнучиња.
Повеќе на mkd-news.comХаролд починал утрото на 11 август, а Рут воздивнала за последен пат 11 часа подоцна, во собата во која живееле заедно

Пронајдете не на следниве мрежи: