Телефоните и интернетот поважни од сексот!

Според неодамнешното истражување во Австрија, секој втор жител би се откажал од сексот но не и од мобилниот телефон и интернетот.На Австријците мобилните телефони и интернетот им се поважни од сексот, покажува истражувањето.
Секој втор Австриец тврди дека со себе секогаш носи мобилен телефон. Дури 60 отсто велат дека мобилниот го носат во спалната соба, а дополнителните 20 отсто велат дека никогаш не го исклучуваат звукот на мобилниот.
Многу од испитаниците нагласиле дека се постојано достапни, во било која доба од денот и ноќта. А,многумина не може да го замислат животот без мобилниот телефон, а 84 отсто кажале дека не би знаеле како да живеат без интернет.
Најголема зависност од мобилните телефони и интернет е помеѓу младите.
Просечните Австријци дневно праќаат 10 СМС пораки, а тинејџерите во просек 25, што е 750 пораки месечно.
 На Австријците мобилните телефони и интернетот им се поважни од сексот, покажува истражувањето.

Пронајдете не на следниве мрежи: