Следниот пат кога вашите зафатени пријатели ќи ви префрлат дека многу трошите и затоа не можете да издвоите ни за најмала заштеда, ќе имате образложение: сингл сте.Самците во Европа минатата година потрошиле дури 10 милјарди евра за да ја пронајдат својата љубов. Оваа сума ја потрошиле 42 милиони осамени срца, или барем така покажува истражувањето на агенцијата Paitship од Германија која се занимава со посредување во пронаоѓањето на животниот партнер. Аранжманите за самци вклучуваат организиран состанок, вечера, поклони за потенцијалниот партнер, а за се ова членовите трошат околу 260 евра.
За состанокот од соништата најмногу се спремни да издвојат романтичните Италијани, кои би потрошиле и до 400 евра. Најмногу самци или барем луѓе кои на овој начин ја бараат својата љубов веројатно има во Австрија, ако се земе во предвид висината на профитот што го оствариле тамошните агенции, дури 244 милиони евра.
И додека кај нас луѓето сеуште го преферираат спонтаниот начин при запознавањето на својот љубовен партнер, се поставува прашањето дали сепак оние кои што се во врска трошат помалку од оние коишто се сами. Па, што мислите вие? Дали животните навики драстично се менуваат кога луѓето се во врска и кога се сами? Колку има поврзаност помеѓу негата на физичкиот изглед, внимавањето на гардеробата и вашиот љубовен статус? Дали паровите слободното заедничко време го поминуваат многу повеќе во домашна атмосфера во споредба со нивниоте пријатели кои се сами?
И ако е така, дали е тоа правилно? И покрај тоа што одговорите на сите овие прашања многу зависат од карактерите на луѓето кои се заедно и на оние коишто се сами и секако од возраста, сепак најдоброто решение за успешна врска е балансот. Истото важи и за оние коишто се сингл. Претераното излегување освен што ќе ви го олесни џебот, ретко ќе ве донесе до вистинскиот партнер.
Автор: П.К.Самците во Европа минатата година потрошиле дури 10 милјарди евра за да ја пронајдат својата љубов. Оваа сума ја потрошиле 42 милиони осамени срца,



