Неколку работи кои мора да ги знаете за вашиот шеф!

За подобро да го разберете својот шеф, да сфатите зошто понекогаш е строг кон вас, за помалку да му се лутите и неговите коментари да не ги земате многу при срце мора да ги знаете следните неколку смешни, но многу вистинити факти:-Кога вас ви е потребно малку повеќе време за да завршите некоја работа, вие сте спор. Кога на вашиот шеф му е потребно повеќе време за да заврши некоја работа, тој е темелен.
-Кога нешто нема да завршите, заборавени сте и неодговорни. Кога вашиот шеф нема да си ја заврши својата обврска, презафатен е.
-Кога ќе згрешите, вие сте идиоти. Кога вашиот шеф ќе го направи истото, тој е само човек и човечно е да згреши.
-Кога сте надвор од канцеларијата, вие само скитате наоколу. Кога вашиот шеф е надвор од канцеларијата, тој е сигурно излезен деловно, за да заврши некоја важна работа.
-Кога ќе побарате слободен ден, вие „постојано се разболувате”. Кога вашиот шеф ќе побара слободен ден, мора да е сериозно болен.
-Кога ќе побарате да излезeте порано тоа е затоа што одите на конкурс во друга фирма. Кога вашиот шеф ќе се јави дека ќе излезе порано, тој е преуморен.
-Кога ќе направите нешто што не ви било кажано, вие ги надминувате своите овластувања и не ги почитувате надредените. Кога вашиот шеф ќе направи нешто што не му било кажано, тој е иницијативен и иновативен.
-Кога вие ќе заземете став, тврдоглави сте. Кога вашиот шеф ќе заземе став тој е доследен и стабилен.
-Кога ќе прекршите некое етичко правило, вие сте непристојни и непрофесионални. Кога вашиот шеф ќе направи нешто такво, тој е оригинален.
-Вие секогаш мислите дека вашиот шеф заработува премногу, а тој секогаш мисли дека вие не вложувате доволно.
Па сега кога знаете како нештата функционираат, имајте во предвид дека тоа и не е толку лошо и страшно како што изгледа. Веројатно и вие би биле такви на негово место, зошто во природата на човекот е секој за себе да си мисли дека вложува најмногу. Ставете се во чевлите на вашиот шеф и обидете се нештата да ги гледате од негова перспектива. И најважно, немојте секогаш кога ќе го повиши тонот тоа да го сфаќате лично.
Автор: П.К.-Кога вас ви е потребно малку повеќе време за да завршите некоја работа, вие сте спор. Кога на вашиот шеф му е потребн

Пронајдете не на следниве мрежи: