Какво значење имаат нашите соништа?

Соновите се многу интересна појава на човечкиот мозок. Соновите се многу интересна појава на човечкиот мозок. Секој сон којшто некогаш сме го имале всушност влече корени од нешто во нашиот секојдневен живот. Нашите соништа се уникатни и се поврзани само со нашата сопствена “реалност”. Земајќи го ова во предвид при интерпретирањето на нечии соништата треба да се водиме од приватниот живот и конкретните искуства на таа личност што значи дека ако две личности сонуваат за некоја слична ситуација, таа има различно значење за нив.
Дали некогаш сте се запрашале за што може да ни послужат соновите? И покрај нивната апстрактност и невозможноста да се најде еднинствено научно објаснување за нивното значење, една од нивните главни намени е да решат некоја незавршена мисла којашто ни останала од претходниот ден. Сонуваме речиси секоја ноќ, но ги паметиме само оние сонови кои од некоја причина ни оставиле поголем впечаток поради својата невообичаеност, поради тоа што не потсетиле на некој скриен или заборавен страв или пак ни овозможиле да доживееме искуство кое го посакуваме и ни предизвикува задоволство.
Содржината на соновите е најмногу детерминирана од незавршениот мисловен процес којшто се одвивал во нашиот мозок претходниот ден. Тоа не мора да се некои важни, суштински теми околу кои сме размислувале, едноставно може да станува збор за било што од нашето секојдневие кое ни оставило некаков впечаток, па дури и кога не сме свесни за тоа и на некој начин не натерало да размислуваме за него.
Како и да е, овие мисли се појавуваат во нашиот сон затоа што биле прекинати додека сме размислувале за нив. Па, ако се направи метафора помеѓу човечкиот мозок и некој добар компјутер, оваа функција на нашиот мозок може да се опише како селекција на  некомплетните мисли и нивно префрлање во посебен фолдер за да може подоцна да се занимавме со тие податоци и да го завршиме започнатиот процес.
ЧИСТЕЊЕТО НА МОЗОКОТ
Додека сонуваме, нашиот мозок ги селектира сите незавршени мисли од претходниот ден. Ги селектира малите, навидум неважни и неразјаснати мисли и потоа ги поврзува во приказна која има смисла за нас во моментот ( додека сонуваме, нашиот мозок го прифаќа контекстот на приказната, а кога ќе се разбудиме и кога нашата логика се буди, приказната престанува да има смисла).
Сега кога нашиот мозок има приказна којашто ги поврзува сите изгубени, неповрзани мисли и тие не се повеќе само куп расфрлани, неважни детали таа може да биде зачувана како единствена меморија ( приказната од сонот). Во суштина оваа појава може да се објасни како чистење на мозокот.
Кога ќе се разбудите обидете се да се присетите на целата приказна од вашиот сон и да си направите целосна слика во главата. Како што почнувате да го размислувате секој детал, обидете се да сфатите дали нешто од тоа што сте го сонувале се поврзува со нешто што ви се случило во последните неколку дена. Многу е веројатно дека ќе пронајдете некоја корелација.
Ако има нешто драматично или трауматично во некој од вашите соништа, фокусирајте се на тоа. Ова се деловите од вашите соништа кои ќе ви помогнат да сфатите со што не се справувате во секојдневниот живот. Ако го избегнувате размислувањето за можно менување на кариерата, многу е веројатно дека тоа ќе се манифестира како сон за некаква драстична промена. На пример, ако сонувате дека треба да одите на некој пат и сте скептични во врска со тоа, ова може да е последица на вашата неодлучност дали да го смените градот во кој живеете за поубаво работно место.
Па, ако погледнеме подобро во нашите соништа јасно ќе видиме за што одбегнуваме да размислуваме и со што, свесно или несвесно не сакаме да се соочиме. Од кога еднаш ќе се соочиме со тие нешта, среќата и олеснувањето полесно ќе дојдат. Зошто секогаш сме поблиску до решението кога се разбираме себеси и точно ги знаеме своите желби и цели. 
П.К.Соновите се многу интересна појава на човечкиот мозок. Секој сон којшто некогаш сме го имале всушност влече корени од нешто во нашиот секојдневен ж

Пронајдете не на следниве мрежи: