Студент од затвор станал милионер

Неверојатна животна приказна се појави во Калифорнија каде што еден студент додека бил во затвор направил милиони. Даниел Чонг, студент од универзитетот во Калифорнија, минатата година бил во притвроска келија која му донела неверојатни 4.1 милион долари. 
Сигурно се прашувате како!
Додека тој бил во притворската келија со лисици на рацете и без храна и вода, постигна договор со американската Агенција за борба против наркотици (ДЕА) за исплата на оштета од 4.1 милион долари, соопштија неговите адвокати. 
Чонг тврди дека додека бил во притвор за малку ќе умрел бидејќи бил заборавен од страна на полицајците кои требале да се грижат за него. 
Откако го „пронаше“, Чонг бил пренесен во болница каде минал пет дена, од кои три на интензивна нега. Минатата година тој поднесе тужба, барајќи од ДЕА отштета од 20 милиони долари.
Неговите адвокати синоќа соопштија дека успеале да се договорат и дека ДЕА на нивниот клиент ќе му исплати 4,1 милион долари. По ова ДЕА призна дека сепак притворениот бил „случајно заборавен“ во притворската келија. 
 Даниел Чонг, студент од универзитетот во Калифорнија, минатата година бил во притвроска келија која му донела неверојатни 4.1 милион долари. 

Пронајдете не на следниве мрежи: