Подвигот на еден потполковник од КГБ

Ноќта кога е рушен Берлинскиот ѕид, 1989 година, огромна маса дошла пред зградата на СССР, која била под команда на еден млад офицер на тајната служба.Ноќта кога е рушен Берлинскиот ѕид, 1989 година, огромна маса дошла пред зградата на СССР, која била под команда на еден млад офицер на тајната служба.
Владимир Путин
Белград – Рускиот претседател Владимир Путин не случајно дојде на чело на најголемата држава во светот! За тоа говорат податоци од времето на уривањето на Берлинскиот ѕид.  Ќе ви пренесеме една приказна која денеска е обелоденета.
– Таа ноќ 1989. кога се уриваше Берлинскиот ѕид, огромна маса од преку 5 000 луѓе навлезе во зградата на источногерманската тајна служба Штази во Дрезден, а потоа ја заплени цела документација и ја урна зградата.  Голема опасност и се закануваше и на мисијата на советкиот КГБ чија зграда беше лоцирана веднаш до Штази.
Дивата пијана маса од Германци со пивски шишиња во рацете, навлегла и во дворот на управата на  КГБ, чиј старешина уплашен веднаш избегал.
Повеќе од илјада деструктивни и борбено расположени Германци се приближувале до скалите, а командата во Москва и понатаму не се огласувала, никој не одговарал на телефонските повици. Пред масата луѓе дојде Владимир Путин, потполковникот на КГБ и со намера да ги вразуми, тој им се обрати со следниве зборови:
„Тоа што е срушен Берлинскиот ѕид е добрата воља на нашата земја. Оваа зграда ние ја чуваме затоа што е во сопственост на Советскиот Сојуз. Добро ли ме разбравте: ова е имот на друга држава. Ние офицерите ја чуваме и ќе го исполниме нашиот долг!“ А во зградата биле само осум КГБ официри. Стоеле на прозорците со оружје како на караула.
Потполковникот стоел и понатаму пред мноштвото луѓе попречувајќи им го патот. Тој имал пиштол со 12 куршуми.
“Вие знаете дека јас сум офицер, и имам пиштол со 12 куршуми. Еден куршум  оставив за мене, но решен сум да го исполнам својот долг. Неможам поинаку бидејќи јас сум офицер”. По овие зборови со кои и се обрати на толпата, потполковникот полека почна да се качува по скалите на влезот на зградата. Се качуваше полека очекувајќи некој да го удри со камен или шише во грб. Тој почна полека да се врти накај толпата, а кога застана и целосно се заврте, толпата веќе почна да си оди.
Никој од Германците таа вечер на влезе во зградата на КГБ во Дрезден. Во Дрезден се уште се раскажува овој настан кој стана легенда. Германците се гордеат со тоа што тогаш го послушале младиот потполковник на КГБ, чие име во тој момент ништо не им значело.Ноќта кога е рушен Берлинскиот ѕид, 1989 година, огромна маса дошла пред зградата на СССР, која била под команда на ед

Пронајдете не на следниве мрежи: