Доколку оперативните системи водеа авиокомпании…

Како би изгледало доколку авиокомпаниите функционираат како оперативните системи.UNIX AirwaysСекој со себе носи дел за авион кога ќе пристигне на аеродромот. Излегуваат на пистата и заеднички го составуваат авионот дел по дел, постојано расправајќи се меѓусебно каков авион би требало да направат. Air DOSСите го туркаат авионот додека да полета, скокаат во него и летаат додека да падна. Потоа пак исто, го туркаат авионот, скокаат во него… Mac AirlinesКомплетниот екипаж (пилоти, стјуарди/стјуардеси, носачи на багаж, туристички агенти) се целосно исти меѓу себе. Секогаш кога сакате да прашате некој детал, најљубезно ви се обраќаат и кажуваат дека нема потреба да знаете, не сакате да знаете и се ќе биде завршено за вас без воопшто да знаете за тоа, затоа ЗАМОЛЧЕТЕ. Windows AirТерминалот е убав и колоритен, со пријателски стјуарди, лесен за чекирање, качување и со меко полетување. После 10минути во воздух, авионот експлодира без никакво предупредување претходно. Windows NT AirИсто како Windows Air само што е многу поскапо, користат многу поголеми авиони и ги руши сите авиони во радиус од 60 километри кога ќе експлодира. Windows XP AirВлегувате на аеродром кој е под договор да користи само авиони од XP Air. Сите авиони се идентични, со светли бои и 3 пати поголеми од што би требало да бидат, Знаци се големи и сите покажуваат кон иста насока. Каде и да одите се појавува некој облечен во наметка и инсистира да го следите. Вашиот багаж и алиштата ви се одземени и заменети со нови од XP Air, идентични со сите останати бидејќи тоа е вклучено во преголемата цена на билетот. Авионот не полетува додека не потпишете договор. Ветената забава за време на летот излегува дека е еден ист Мики Маус цртан филм кој се повторува цело време. Пред секој оброк или пијалок мора да го контактирате вашиот туристички агент. Детално сте прегледани за време на летот, а доколку сакате да отидете во тоалет повеќе од двапати мора да платите нов билет. Без разлика за која дестинација да имате резервирано, секогаш ќе завршите во Whistler во Канада со рушење на авионот. OSX Air:Влегувате на бел терминал и се што можете да  видите е жена која седи во еден агол позади бело биро, каде што треба да го земете вашиот билет. Ви се насмевнува и вели „ Добредојдовте во OS X Air, дозволете да ве сликаме“, а во тој момент камера на ѕидот, која што не сте ја забележале, ве слика. „Ви благодариме, повелете вашиот тикет“ при што добивате минијатурен билет со вашата слика најгоре каде што ги има сите ваши податоци. Од вашата десна страна се отвора врата низ која влегувате во отворено пространство со едно седиште на средина, каде што слушате музика и гледате филмови до крајот на летот. Никогаш нема да видите други патници. Авионот слетува, се симнувате и си мислите „ова беше супер, но нешто недостасува“.
Windows Vista Airlines:Влегувате на добро уреден терминал, со најголемите авиони што некогаш сте ги виделе. На секои 10 метри се појавува човек од обезбедувањето кој ве прашува „дали сте сигурни“ дека сакате да продолжите кон авионот или сакате да се откажете. Бидејќи не сте сигурни што ќе се случи доколку се откажете, продолжувате кон авионот прашувајќи го агентот за карти зошто авионите се толку големи. Откако човекот од обезбедувањето ќе се увери дека сигурно сакате да го поставите прашање и дека сигурно сакате да го слушнете одговорот агентот ви одговара дека тоа е така за клиентите да се чувствуваат подобро, но авионите се дизајнирани да летаат двапати поспоро. Откако ќе се качите, стјуардите го прашуваат секој патник поединечно дали е сигурен дека сака да полета, а потоа, според политиката на компанијата капетанот го поставува истото прашање до сите. Откако ќе одговорите потврдно на толку многу прашања, добивате бокс во лице од патник кој што ве прашал „Сакате ли да во удрам во лице? Откажи или Дозволи?“ инстинктивно сте рекле „Дозволи“. После полетувањето пилотите сфаќаат дека драјверот за опремата за полетување и слетување не е ажуриран да работи со новите авиони, па тркалата остануваат спуштени за време на целиот лет. Поради ова авионот лета уште поспоро, но пилотите се навикнати и се надеваат дека произведувачот на опрема за полетување и слетување наскоро ќе ги ажурира драјверите. Пристигнувате на вашата дестинација посакувајќи да се одлучевте за XP Airlines.
Linux AirНезадоволните вработени од останатите ОС компании одлучиле да отворат своја компанија. Сами ги градат авионите, шалтерите и ги пробиваат пистите. Наплаќаат мала сума за да го покријат печатењето на билетите, меѓутоа можете и вие само да го симнете билетот за печатење. Кога ќе се качите во авионот добивате седиште, 4 појаси, француски клуч и копија од seat-howto.html. Откако ќе се сместите седиштето кое целосно се прилагодува е комфорно, авионот полетува и слетува на време без никаков проблем, а и оброкот за време на летот е одличен. Кога ќе се обидете на корисниците на другите авиокомпании да им објасните за прекрасното патување се што ќе речат е: „Што треба да правиш со седиштето?“
 UNIX AirwaysСекој со себе носи дел за авион кога ќе пристигне на аеродромот. Излегуваат на пистата и заеднички го составуваа

Пронајдете не на следниве мрежи: