Фото: Која е вистината за потонувањето на Титаник?

За потонувањето на најголемиот брод во светот Титаник, постојат голем број можни теории за заговор. 
Во средиштето на теоријата на заговор за потонувањето на Титаник се наоѓа Банката на федерални резерви на американската централна банка, која наводно директно е поврзана со напознатата поморска катастрофа. 
 Во последните 400 години, забележани се околу 65.000 морски катастрофи, но оваа катастрофа отсекогаш била во центарот на вниманието. За неа има дури 500 сериски и филмски адаптации и десетици илјади книги. 
За што всушност станува збор во оваа теорија??
Меѓу патниците во авионот биле и трите најмоќни мажи во Америка, банкари Исидор Штраус, сопственик на синџир на стоковните куќи „Мејсис”, Бенџамин Гугенхајм, наследник на рудникот со злато, сребро и бакар, и голем добротвор и, конечно, Џон Џејкоб Астор IV, најбогат човек во светот во тоа време, инвеститор, градежник, пронаоѓач, писател и поранешен армиски полковник.
Овие тројца биле трн во око во американскиот банкарски картел поради нивните противење на формирањето на федерални резерви.

Водечките банкари од тоа време (сега тоа се нивните внуци) Ротшилд, Рокфелер и Џеј Пи Морган имале план да се основаат федерални резерви, кои би биле во нивна сопственост со овластувања на федералната влада, и преку кои би се печателе пари без покритие, а со тоа Американската влада би се задолжувала кај нив и би ја држеле во раце. Во Англија и нејзините колонии, тоа го правеле уште од 17 век.
Бидејќи ја ликвидирале моќната тројка се што намислиле опчигледно и го спровеле, а и до ден денес ништо не е поразлично. И глобална економска и финансиска криза е токму резултат на печатењето на пари, без покритие, тврдат приврзаниците на оваа теорија на заговор и додаваат дека од 2000 година, американскиот долар и британската фунта поради инфлација имаат изгубено 99 проценти од својата вредност.
Теорија на заговор не пропушта да ги спомене ниту језуитите, од чии редови доаѓа и сегашниот папа Френсис. Наводно единствениот фотограф од Титаник бил ирски член на Римокатоличката група на папата Френсис, а и капетанот Едвард Смит исто така бил нивен член кој званично потонал со бродот, но нема докази дека тоа навистина било така.
Фактот дека Титаник бил сопственост на Џеј Пи Морган, кој во последен момент го откажал патувањето со овој брод, само ги поттикна сомневања. Дали ова е вистина не може да се тврди со сигурност, но познато е дека Титаник заврши на дното на морето на 15 април 1912 година, а Федералните резерви се основани на 23 декември следната година. Оваа година се слават 100 години. Јубилејот е во знак на фактот дека Владата на САД годишно плаќа долг од околу 450 милијарди долари во Централната банка.

Извор. МКД-newsВо последните 400 години, забележани се околу 65.000 морски катастрофи, но оваа катастрофа отсекогаш била во центарот на вниманието. За неа има дур

Пронајдете не на следниве мрежи: