Бремената Марија Замора вчера вечерта тргнала со подземна железница накај болницата кога ненадејно почнале трудовите болки, изјави АП.
Жената стара 22 години се породила на влезот во една платформа, а во тоа, сè додека не стигнале лекарите, и помогнале еден полицаец, чувар и инспектор.
Веста која многу брзо се прошири низ социјалните мрежи и стигна до градоначалникот на Мексико Сити Мигел Анхел Mансер, на својот Твитер напиша дека момчето, кое нема име, има право целиот свој живот да се вози бесплатно во метро.Бремената Марија Замора вчера вечерта тргнала со подземна железница накај болницата кога ненадејно почнале трудовите б