Како што велат експертите од Харвард, пивскиот стомак може да доведе до остеопороза кај мажите. Од ризикот до сериозни фрактури на коските не се поштедени ни помладите момци, кои живеат нездрав живот.
Истражувачите на Медицинскиот факултет во Харвард простудирале 35 дебели мажи, просечно со 34 години, чија просечна БМИ била 36,5. Испитаниците биле поделени во две групи – едната на оние кои претежно имале поткожни маснотии, што се кријат под кожата и се шират низ целото тело, додека другите имале повеќе висцерално сало – масти во абдоминалната празнина.
Токму “пивскиот стомак” е второто име за висцерално само, и е голема закана за здравјето на нашето срце. Него го погодува исхрана полна со масна и процесуирана храна, седечки начин на живот и генетиката.Како што велат експертите од Харвард, пивскиот стомак може да доведе до остеопороза кај мажите. Од ризикот до сериозни