„Човекот е тајна и загатка, и ако целиот живот го поминеш во нејзино откривање, немој да кажеш дека залудно си го проживеал векот“- е изјава на Достоевски. Таа различно може да се толкува. Човекот е енигма и секогаш ќе биде, тоа го докажуваат и луѓето со натприродни моќи. Многу од нив се сметаат за медицински феномени, постојат многу во светот, ние издвоивме десет.
1. Славиша Пајкиќ
Познат како Биба Струја(55) , е познат по тоа што неговото тело спроведува струја и до 20.000 волти. Тој се наоѓа во Гинисовата книга на рекорди уште од 1983 година, кога допрел струја со рака од неколку илјади волти. После неколку години тој си ги срушил и сопствениот рекорд.
Имено, тој пред Гинисовата комисија од Лондон приредил 10 минутен спекталкал во кој со струјата од сопственотот тело за 1 минута и 37 секунди со рака загреал ладна вода на цели 97 степени.
2. Наташа Демкина
Таа е од Русија, позната како девојката со ренгенски очи. Оваа девојка има два вида. Таа изјавува дека може да ги замени во случај кога сака да ги види внатрешните органи на некој човек. Може да препознае болен орган, изјавува дека болните органи произведуваат некаква радиација. Својата моќ ја открила кога имала 10 години.
Во Русија за неа е снимена телевизиска емисија, а во Велика Британија пред ТВ камери ги прикажала своите натприродни моќи. Ги набројала сите повреди која една девојка ги добила при сообраќајка а нејзините дијагнози биле точни.
3.Даниел Тамет Полиглота
Даниел е побрз од калкулатор. Има способност да пресмета некој резултат побрзо и од самиот калкулатор. Може да го одреди денот од неделата за секој датум кој ќе го побарате. Тој е од Лондон, како дете боледувал од епилепсија, како и од поблак облик на аутизам. Тој зборува и 11 светски јазици. За да го изучи исландскиот јазик му биле потребни само седум дена.
4. Ру Антинг
Тој е од Кина, а со своите солзи може да пишува пораки. Овој Кинез внесува вода преку нос, потоа ја преобразува во солзи. Од очите водата односно солзите ги прска каде што сака, водата може да ја исфрли дури и до три метри одалеченост. Својата прецизност ја покажува со тоа што успева да напише пораки со своите солзи. Својата способност случајно ја открил.
5.Ратакришан Велу
Тој во август 2007 година го надминал сопствениот рекор во влечење воз со заби. Тој со своите заби успеал да повлече дури шест вагони тешки 297 тони. Ги влечел точно 2,8 метри. Тој оваа техника ја научил на 14 години. Својата способност смета дека е резултат на медитацијата. Имено, тој е вегетаријанец, наутро се буди пред пет и секојдневно трча 25 километри.
6. Тим Кирланд
Тој е од САД и не познава болка. Познат е по способноста да во своите раце забодува игли. Често има морбидни и застрашувачки јавни настапи. Според медицинските истражувања дојдено е до заклучок дека прагот на болка кај него е значително поголем отколку кај останатите луѓе. За да го касапи своето тело пред публика, а притоа да не го загрози сопствениот живот морал да изучи анатомија.
7.Стивен Вилтшир
Овој човек има фотографско помнење. Како мал тој бил нем, но подоцна успеал да зборува. Почнал да црта кога имал 5 години, потоа способноста ја довел до совршенство.
Доколку лета со хелихоптер на обиколка на некој град, благодарение на неговата фотографска меморија може да го нацрта истиот до најситниот детал. Веќе 25 години патува низ светот цртајќи градови и знаменитости.
8. Даниел Браунинг
Тој е познат под името човек од гума. Гинисовиот рекордер најбрзо може да помине низ тениски рекет. Прв пат започнал на 13 години со своите настапи на улиците, а потоа продолжил во циркус.
9.Вим Хоф
Познат низ светот како Леден човек. Тој е имун на ладно. Во 2012 година ја потврди својата способност кога на Монт Еверест се искачи само по кратки панталони. Тој изјавува дека ја одржува температурата на телото преку медитација. Научниците тврдат дека тој успеава да го издржи студот контролирајќи го нервниот систем со концентрација и медитација. Кога бил потопен во премногу ладна вода, температурата на неговото тело останала иста.
10. Лиу Тоу Лин
Лиу е од Малезија, има 71 година и е познат како човек магнет. Тој и стана познат на светската јавност влечејќи автомобил, при што на себе имал железна чинија на која бил закачен ланецот на кој бил поврзан автомобилот. За својата способност дознал од весниците, односно читајќи за едно семејство кое имало иста способност како него. Воден од љубопитноста приближил некој метални предмети до своето тело и се „шокирал“ кога ги забележал резултатите.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.
„Човекот е тајна и загатка, и ако целиот живот го поминеш во н