Македонската фудбалска репрезентација вечерва во натпреварот против Казахстан ќе има голема поддршка од трибините, бидејќи билети во продажба нема уште многу.
Натпреварот започнува во терминот од 20:45 часот, а на нешто повеќе од три часа до почетокот во продажба се останати само мал број билети на западната трибина. Северната и источната беа целосно распродадени, додека на источната ФФМ обезбеди бесплатен влез за младите фудбалери од детската лига и учесниците од основните училишта.
Селекторот Благоја Милевски и голманот Столе Димтриевски на вчерашната прес-конференција и побараа силна поддршка која на крајот и ќе ја добијат, па за вечерта да биде спектакуларна потребно е само уште да освоиме три бода.
Македонија на две кола пред крајот епрва во групата со 12 бода, Белгија има 11, Велс 10, но овие две селекции имаат и натпревар помалку од Македонија.
Вратите на стадионот се отвораат во 18:45 часот. Билетарата на стадионот пред почетокот на дуелот нема да работи, па билети може да се купат само оналјн – ТУКА.



