Ад хок телото со повик за пријавување за петтиот член

Членовите на новоформираната Привремена комисија за следење на медиумското претставување денеска првпат се состанаа во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, на која бил договорен начинот на кој ќе се избере петтиот член на Комисијата.Привремената комисија упати повик до сите заинтересирани да аплицираат за членство во ова тело. Своите биографии тие можат да ги достават на [email protected], а рокот за нивно доставување е 21 август.
Четворицата членови на ад хок телото се Цветин Чилиманов, Слаѓана Димишкова, Љубоимир Костовски и Горан Трпеноски.
Четворицата членови на телото кои беа предложени од страна на партиите треба со конзензус да се договорат за петтиот член, кој според договорот се очекува да биде Албанец.
Слаѓана Димишкова, уредник во Вест, која во Комисијата е на предлог на ВМРО-ДПМНЕ, изјави дека на оваа прва средба бил договорен начинот на којшто ќе се избере петтиот член на Привремената комисија.
-Ј авниот повик ќе трае заклучно со недела, 21 август. Сите заинтересирани ќе може да се јават на тој повик, се разбира, коишто имаат интерес да бидат дел од ова тело. Ќе се оди согласно консензусот, како што е договорено. Целта е да не пробиваме рокови. Не сакаме никого да исклучиме, рече Димишкова.
Целта на телото, според Димишкова, е да биде најобјективно што може да биде.
-Нашата цел е да придонесеме најмногу што можеме за овој процес – за средување на состојбата. Ние прво треба да бидеме во комплетен состав. Комплетниот состав подразбира пет члена. Кога ќе бидеме во тој состав од пет члена, кога согласно рокот ќе знаете кој е петтиот член и кога ќе се состанеме со петтиот член тогаш можеби ќе можеме повеќе да кажеме околу тоа, изјави Димишкова.
Мандатот на Привременото тело завршува по одржувањето на предвремените парламентарни избори.
Инаку, во однос на медиумите, во јули партиите се договорија за Законот за медиуми и Изборниот законик да бидат изменети во рок од 15 дена од датумот на овој договор. Ќе се формира ад хок тело за следење на усогласеноста на медиумите со одредбите на Изборниот законик. Ова ад хок тело ќе има пет лица, а ќе функционира до крајот на изборниот процес и ќе се формира во рок од 30 дена од датумот на овој договор.
Во консултација со релевантните професионални новинарски организации, четирите политички партии ќе изберат четворица членови на ад хок телото од кои барем еден ќе биде етнички Албанец. Овие четири лица ќе го изберат со консензус петтиот член во рок од 15 дена.
Почнувајќи 100 дена пред изборите, Агенцијата за медиуми треба да ги следи препораките на новоформираното тело и ќе иницира постапки според закон. Сите парични казни за медиумите во Законот за медиуми и во Изборниот законик кои се однесуваат на медиумите ќе се намалат за 50 проценти.
Исто така, договорено е да се направат реформи во медиумите според извештајот на Прибе во рок од шест месеци по изборите.
Во консултација со другите партии, најголемата опозициска партија ќе го номинира главниот уредник на јавниот радиодифузен сервис (МРТВ), но тој ќе биде од страна на експертите во оваа област. Под услов двете страни да потврдат дека има услови за фер избори, новиот главен уредник ќе стапи на функција 100 дена пред изборите.
На крајот од договорот стои дека до 31 август годинава, лидерите на четирите политички партии ќе проценат дали горенаведените чекори се веќе завршени, со што се исполнети условите за одржување на изборите. Лидерите ќе го потврдат ова и на денот на изборите со свој потпис.Привремената комисија упати повик до сите заинтересирани да аплицираат за членство во ова тело. Своите биографии тие можат да ги достават на contac

Пронајдете не на следниве мрежи: