Ад хок телото започна со казнување медиуми: Казната за Сител е лична пресметка

Ад-хок телото за мониторирање на медиумите со три гласа „за“ и два „против“ одлучи Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) да поведе прекршочна постапка против телевизија Сител за небалансираност во известувањето.Од ваквиот предлог на ад-хок телото се изземаат двајцата членови кои гласале „против“, Цветин Чилиманов и Слаѓана Димишкова со став дека има како што велат, значително подобрување во известувањето на медиумот. Тие сметаат дека прекршочната постапка е неоснована и базира на субјективно подготвен извештај од страна на ААВМУ.
Чилиманов и Димишкова подготвуваат издвоено мислење, а денеска изјавија дека со одлуката за поведување прекршочна против Сител се потврдува дека ад-хок телото трпи директни притисоци и наметнувања ставови од Агенцијата.
– Директорот на Агенцијата Зоран Трајчевски вчера присуствуваше пред почетокот на седницата на ад-хок телото и не информираше дека според извештајот што е поднесен, ААВМУ би препорачала казнување на медиумите Сител и Нова ТВ што беше силна сугестија и влијаеше на натамошната работа на членовите на комисијата, изјави Чилиманов.
Дополнителна причина за загриженост, додаде, е тоа што во извештајот на повеќе страници детално се опишуваат постапките, ставовите и гримасите на еден уредник во Сител. Оттука, оценката се однесува на еден човек, а не на цела телевизија.
– Извештајот за Сител е фокусиран на само еден човек и буквално наликува дека е субјективно направен, конретно за еден човек. Оттука оценивме дека станува збор за лична пресметка, а ад-хок телото и Агенцијата не се места за лични пресметки, објасни Чилиманов.
Според него, во разговор со ААВМУ првично било кажано дека извештајот е направен согласно методологијата на Агенцијата и нејзините правила, а подоцна дека имало надворешни барања и ставови да се пристапи кон таков извештај.
– Се гледа дека забелешките за Сител произлегуваат од критиката што била упатена од оваа телевизија кон Агенцијата, кон регулирањето на работата на медиумите. Телевизијата забележала дека се воведува цензура во Макдонија, тоа детално се објаснува и влијае на изрекување одлука за прекршочна постапка. Се казнува телевизијата зашто проговорила, зашто го критикувала законот што е донесен и регулирањето на медиумите, што сметаме дека е апсолутно право на медиумот, истакна Чилиманов.
Посочено е, додаде, и наводно негативно известување за специјалната обвинителка Катица Јанева зашто се направени прилози во кои од неа се бара финансиски отчет, а таа не го дала.
– Сметаме дека се прави сериозен преседан кога во извештај на ААВМУ се бара медиумот да не бара одговори од јавни, именувани функционери, како се трошат јавните пари. Утре може да се случи медиум да биде обвинет и казнет ако направи прилог за кој било политичар кој нема да даде одговор на прашањето како се трошат јавните пари, укажа Чилиманов.
Димишкова, пак, подвлече дека ваквата ситуација е резултат на несоодветната методологија според која работи ад-хок комисијата, методлогија која, рече, не е во согласност со Изборниот законик.
– На барање на политичките партии работиме по методологија која е спротивна на Изборниот законик и практично нема критериуми на постапување. Затоа лично одлучив да постапувам по француската методологија која во првите три извештаи на медиумите им дава шанса, односно им дозволува можност да направат максимум 10 грешки, рече Димишкова.
Таа предлага за чие било присуство на седниците, ад-хок телото да биде претходно известено.
– Целта е да не се врши никаков притисок врз нас и да не се наметнуваат ставови. Да не остават да постапуваме онака како што мислиме. Интенцијата беше да бидеме независно тело кое ќе работи согласно професиналните стандарди, нагласи Димишкова.
Чилиманов и Димишкова порачаа ако политичките партии сакаат да упатат какви било забелешки до ад-хок телото, тоа треба да го направат директно, а не преку лажни мејлови и дојави.Од ваквиот предлог на ад-хок телото се изземаат двајцата членови кои гласале „против“, Цветин Чилиманов и Слаѓана Димишкова со став дек

Пронајдете не на следниве мрежи: