Адхок Комисијата се огласи за ненадлежна за интернет порталите

Членовите на Привремената комисија за следење на медиумското претставување на денешната седница решија дека не се надлежни да го набљудуваат известувањето на интернет порталите, откако такво барање беше упатено од партијата СДСМ која побара реакција по основ на членот 69-а од Изборниот Законик со кој се регулира водењето на изборната кампања во овој период.Во барањето на СДСМ се оценува дека интернет портали го прекршиле овој член од законикот, за што се бараше реакција од Привремената комисија и од Државната изборна комисија. Членовите на Привремената комисија, која и досега не постапувала по известувањето на интернет порталите, оценија дека таа пракса ќе продолжи и во иднина, и дека работата на порталите нема да се набљудува, а дека за евентуални прекршувања на членот 69-а е надлежна Државната изборна комисија.
Во Привремената комисија не беше постигната согласност за барањето на телевизија Телма да се прецизира ставот на Комисијата во врска со објавувањето рекламни кампањи на невладини организации.
Претходно, Комисијата упати предупредување до јавноста откако телевизиите Телма и Алсат емитуваа платени пораки нарачани од Фондацијата Отворено Општество, за кои членови на комисијата укажаа дека содржат пораки слични на пораките кои ги упатува партијата СДСМ. Двете телевизии престанаа со емитувањето на овие платени пораки, кои беа дел од кампањата „Ние одлучуваме“.
На денешната седница ад хок Комисијата донесе одлука и да се поведат прекршочни постапки против телевизија Нова по два члена од Изборниот законик, како и против телевизија Сител по еден член од законот. Овие одлуки беа донесени со мнозинство од тројца членови од Комисијата, додека двајца членови гласаа против. Истите двајца членови гласаа против предлозите да не се поведат прекршочни постапки за телевизиите Телма и 24 Вести, кои се однесуваа на балансот во известувањето на овие медиуми. Преостанатите тројца членови од Комисијата гласаа да не се поведуваат постапки против Телма и 24 Вести. Со спротиставени ставови и без целосна согласност во Комисијата беа усвоени и предлозите да не се поведе постапка против телевизија Сител по член 75 став 1 од законот и против телевизија Алфа по став 75-б. Одлуките да не се поведат прекршочни постапки против другите радиодифузери кои се предмет на набљудување на Агенцијата за медиуми беа усвоени едногласно.Во барањето на СДСМ се оценува дека интернет портали го прекршиле овој член од законикот, за што се бараше реакција од Привремената комисија и од Д

Пронајдете не на следниве мрежи: