Адријан Гаџа ги демантираше шпекулациите: „Сам сум и немам никој во моментов!“

Loading...

Шпекулациите кои се шират дека има нова девојка, популарниот пејач Адријан Гаџа, остро ги демантира.
Пејачот вели дека на фотографиите кои неодамна излегоа во јавноста била негова добра другарка со која некогаш пие кафе. Гаџа нема девојка и не е заљубен.
“Нема врска дека имам девојка. Ме фотографирале во опуштена атмосфера на кафе со другарка и напишале дека сум заљубен. Тоа се глупости. Сам сум и немам никој во моментов. Кучето Симба ми е партнер”, низ насмевка коментира Гаџа и додава дека Симба, пес од расата чау-чау, е негова најголема љубов во моментов, пренесува Вечер.
Адријан Гаџа периодов е во Скопје каде заедно со Билбилов и Јован Јованов работи на новиот албум на албански јазик кој треба да излезе наскоро.

 
“Затворен сум во студио и работам на нов материјал. Заедно со Јован правиме и песни за мои албански колеги и некако периодов ми е бурен. Имам многу обврски, тука се и настапите со Флоријан низ Европа и задоволен сум од тоа како се одвиваат работите”, појаснува Гаџа, кој последниве две години е фокусиран на албанскиот музички пазар.
И покрај тоа вели дека ја нема заборавено македонската публика и верува дека наскоро ќе ја изненади со нешто ново.
“Сакам да спремам нешто и на македонски. Кај нас, за жал, ситуацијата е за никаде. Естрадата полека ни тоне и тоа е жално. Сепак, моите фанови заслужуваат нова песна и ветувам дека наскоро ќе ја добијат”, заклучи пејачот.
Која е русокосата девојка со Гаџа, прочитајте на следниот ЛИНК
Адријан Гаџа во љубов со русокоса девојка

loading...
Loading...