петок, 27 ноември 2026
Најново

Афроамериканците повторно протестираат во САД

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Во Вашингтон се одржуваат протести поради насилството од страна на полицијата врз црномурестото население во земјата.Демонстрантите се движат низ централните улици во градот, носејќи транспаренти на кои пишува „Животот на црномурестите има значење“, „Расизмот убива“, „Вака изгледа демократијата“, „Без правда нема мир“. Поради протестите е блокиран и сообраќајот.
Собири против насилството врз афроамериканците беа организирани и во Њујорк, Чикаго, Бостон, Кливленд, Мајами и други градови во земјата.
Илјадници Американци повеќе дена по ред излегуваат на улиците во знак на протест поради расната дискриминација. Протестите започнаа на 24 ноември, кога беше објавена одлуката на судот да не биде ставен под одговорност полицаецот Дарен Вилсон, кој во август го уби невооруженото 18-годишно црномуресто момче Мајкл Браун во градот Фергусон, во државата Мисури.Демонстрантите се движат низ централните улици во градот, носејќи транспаренти на кои пишува „Животот на црномурестите има значење“, &b

Поврзани вести