Ахмети повторно ја одлага одлуката дали ќе биде власт или опозиција

Али Ахмети најверојатно повторно ја одлага одлуката дали ќе биде власт или опозиција за денеска иако од ДУИ во петокот и официјално ја најавија за денеска, како и продолжување на состанокот на ЦП во Мала Речица, пишува 24 Вести.Велат најпрвин ќе почекаат Заев и официјално да стане мандатар.Нема информација дали ова значи дека до вечер, доколку Заев го добие мандатот од Иванов можно е да се состане ЦП во Мала Речица  
„Состанокот на ЦП не е закажан, а најверојатно и нема да се одржи денеска, туку во наредните денови. Нема причина зошто денеска да има ЦП или одлука. Потписите се дадени заради добивање мандат.Одкога ќе го добие мандатот има 20 дена за одлуки, договори, опции-малцинска или коалициска Влада, вели висок партиски функционер на ДУИ.
На маратонската седница на ЦП во петокот која траеше речиси до полноќ се дискутираа варијантите ДУИ во Владата или во опозиција со поддршка за малцинска Влада, која би го гласала законот за албански јазик, и законите од реформската агенда на земјава.
Според портпаролот на ДУИ причините поради кои ДУИ размислува за опозиција се да се расчистат без сомневања за влијание на функционерите сите сомневања за работата на ДУИ. Неофицијално како аргуемнт плус во оваа насока е и комотната позиција што би ја имала ДУИ, како и непрекршување на „принципот победник со победник“. За оваа опција нееофицијално биле повеќето пратеници
Од друга страна за влез во Владата како клучен аргумент дека ДУИ ќе учествува директно во спроведувањето на она што го договорила и што во иднина би го преговарала доколу реши да биде дел од Влада. Неофицијално оваа теза ја застапувале повеќето поранешни владини функционери.
По седницата портапаролот Бујар Османи порача дека ДУИ поради роковите за локални избори решила да ги даде потписите на Заев, но дека тоа не значи и одлука за учество во Владата. Велат најпрвин ќе почекаат Заев и официјално да стане мандатар.Нема информација дали ова значи дека до вечер, доколку Заев го добие мандатот

Пронајдете не на следниве мрежи: