Aхмети: Со СДСМ договоривме двојазичност, банкноти, Албанец за собраниски спикер

Ахмети открива детали од договорот со Заев.Официјален албански јазик низ целата држава, двојазични банкноти, Албанец за собраниски спикер, лидерот на ДУИ во интервју за Ројтерс вели ова се дел од прашањата кои се затворени во преговорите со претседателот на СДСМ.„Во парламентот на Република Македонија, ако јас сум претседател ќе зборувам на албански. Треба парламентарната седница да ја водам на албански јазик. И во говорна и во пишана форма, албанскиот треба да се користи во сите државни институции. Тоа значи официјална употреба на албанскиот јазик. Во овој момент албанскиот јазик се користи само на локално ниво.“, вели Ахмети.Ахмети проценува дека политичката криза би можела да трае и „четири години“ до следните избори, но вели сепак таа треба да се решава со политички мерки, но не смее да се дозволи таа да премине со меѓуетнички судир. Изјавите на Ахмети во кои открива детали од договореното со СДСМ се спротивставени на оние на лидерот на социјалдемократите кој тврдеше дека се разговарало само за начела и принципи, детали не се договорени.Претходно портпаролот на ДУИ во телевизиско интервју откри детали од договорот со СДСМ. Тој вели од барањата на Тиранската платформа договорено е да се отвори дијалог за промена на химната, знамето и уставното име на земјава.За промена на државните одбележја силно се залага и лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села кој се очекува да биде дел од владата која би ја формирале СДСМ и ДУИ. Села вели тој никогаш не се фотографирал покрај македонското знаме, ниту пак укажал почит кон македонската химна бидејќи тие не биле гласани од Албанците.„Не сум се сликал никогаш исто како што никогаш не сум станал на нозе за македонската химна. Затоа што, споменав и во еден момент на почетокот на емисијата, не знам дали забележавте, Македонија ја прогласи својата независност врз база на анексирање на правата на една третина од жителите. Како да почитувам една национална химна која Албанците не ја гласале, првиот албански парламентарен состав од 1992 година не го гласаше овој Устав, не го гласаше ниту знамето, ниту химната, одговара Села.Претходно Села тврдеше дека не постои македонски народ и македонски идентитет. Официјален албански јазик низ целата држава, двојазични банкноти, Албанец за собраниски спикер, лидерот на ДУИ во интервју за Ројтерс вели ова се д

Пронајдете не на следниве мрежи: