Ахмети за ловот на албански гласови: Заев да не се впушта во невозможна мисија

Лидерот на СДСМ Зоран Заев на изборите во декември ќе го урива утврдениот принцип победниците во македонскиот и во албанскиот политички блок да формираат влада.За ова повеќе ќе нема потреба бидејќи, според процените на Заев, многу Албанци ќе гласаат за СДСМ и со тоа ќе прекине како што вели пазарењето со албанските гласови на зелена маса.
Од партијата на Али Ахмети експресно му одговорија дека е невозможно да се урне воспоставениот принцип бидејќи СДСМ не е претставник на Албанците во Македонија.
Опозицискиот лидер во завчерашното интервју на една од националните телевизии најави дека по изборите на 11 декември ќе нема една партија на Албанците која ќе го носи целиот корпус албански гласачи само за себе. Тој повтори дека со помалите партии на Албанците е во континуиран дијалог, но не прецизира дали се близу до евентуална предизборна соработка.
– Но, едно е сигурно Македонија ќе осамне на 12 декември и ќе нема албански партии што го носат целиот корпус гласачи само за себе. Ќе нема етничка поставеност за тој глас да го испазарат на некоја зелена маса со Никола Груевски или во новиов случај со Зоран Заев. Не. Тоа време заврши. Ќе има граѓани, ќе бидат од различни партии и интелектуалци. Ќе има социјалдемократи Албанци и тие веќе не се маша за поткусурување на ДУИ и на ДПА или на други партии како на пример Беса, Унитети… Тоа е новото време. Злоупотребата со албанските гласови е минато време – најави Заев.
 
Поопширно во печатеното или во електронското издание на ДневникЗа ова повеќе ќе нема потреба бидејќи, според процените на Заев, многу Албанци ќе гласаат за СДСМ и со тоа ќе прекине како што вели пазарењето со а

Пронајдете не на следниве мрежи: