Ајде да се журкаме во петок на хаус и техно во Епицентар на диџеј Martin Buttrich

Љубителите на хаус и техно музика овој петок во Епицентар ќе има настап познатиот диџеј Martin Buttrich.Тој е вистински чудотворец од продуцент и ДЈ чија кариера е вистински патоказ кон најсовремените трендови во хаус и техно музиката.  Ретки се продуценти кои имаат толку различен и дијаметрално спротивен интерес за продукција. Познат по своите изданија за највлијателните андерграунд дискографски куќи како  Planet E, Coocon, Poker Flat, Nervous, Desolat, а истовремено Греми номиниран за ремикс на Tori Amos 2003 година и ремикси на песни од Madonna, Muse, Fatboy Slim.  Неговиот пат започнува како диџеј во Хановер и Берлин на 18 годишна возраст. Многу бргу започнува со неговата страст музичката продукција во која влегува партнерски со Daniel Bross како X rotacion.  
Во средина на деведесеттите заедно со Timo Maas стануваат познати по Pappermint Park студиото каде заедно ќе создадат над сто ремикси на познати музичари.  Во овој период Buttrich како продуцент ќе биде потпишан зад музиката на легендарниот Bootsy Colins, како и ремикси на Tom Jones, Placebo, Depeche Mode, Moloko, Yello, Depeche Mode. Мартин овој успех ќе го продлабочи со серија на студија и живеење во повеќе градови во светот вклучувајќи го NYC и сегашната последна дестинација Los Angeles.  Тој не дозволува вртоглавиот успех да го одвои од причината за која егзистира како ДЈ и продуцент, па затоа 2002 година целосно се посветува на техно продукцијата и соработка со повеќе респектирани продуценти како Лоцо Дице и Царл Цраиг создавајќи  ја својата визија за техно со длабока и темна мелодична основа. 2010 година го издава првиот соло албум за неговиот дискографски бренд  Десолат “Црасх Тест”.
Од тогаш до денеска,  тој е на константна турнеја гостувајќи во најзначајните клубови во светот како Бергхаин/Панорама Бар, Фабриц, Цооцон и фестивали со огромен капацитет на публика како Тиме Њарп.  Во моментов е актуелен со проектот  “Стонед Аутопило”. Извонредна е честа да го имаме во Скопје човекот кој е лидер во новите технологии на продукција и дј настап и лик чиј животен пат возбудлива приказна каква секој би посакал да му се случи доколку се занимава со музикаТој е вистински чудотворец од продуцент и ДЈ чија кариера е вистински патоказ кон најсовремените трендови во хаус и техно музиката. &nbsp

Пронајдете не на следниве мрежи: