Ако дадете прва помош ќе одите во затвор

Според законот, оној кој ќе го прекрши законот може да се соочи со казна затвор во траење и до три години и парична казна од 700.000 евра.Овој викенд во Турција стапи на сила нов, помалку контроверзен закон – давањето прва помош е кривично дело доколку за тоа не постои одобрување од Владата.
Критичарите на законот стравуваат дека тој ќе може да се користи за да се спречат лекари и друг медицински персонал да дава помош на повредени демонстранти за време на масовни улични протести какви што имаше во државата во јуни минатата година.
„Донесувањето на овој закон со кој се криминализира давањето прва помош и се казнуваат оние кои се грижат за повредени демонстранти, е всушност дел од неуморно настојување на турската Влада да ги замолчи сите кои им се спротиставуваат”, изјави Винсент Лакопино од Лекари без граници, објави Ал Џезира.
Минатиот месец ОН изразија загриженост за овој закон и ја повикаа турската влада да ја преразгледа својата одлука.Овој викенд во Турција стапи на сила нов, помалку контроверзен закон – давањето прва помош е кривично дело доколку за тоа не постои одобрување од В

Пронајдете не на следниве мрежи: