Ако се реализира планот на Заев за мигранти, во македонските градови ќе се смени составот на населението

Доколку се реализирала националната стратегија и Акцискиот план за интеграција на странци и бегалци на Владата на Зоран Заев, мигрантите би претставувале реална закана за Битола, Радовиш, Охрид, скопската населба Ѓорче Петров како и останатите општини во кои ќе се смени комплетно составот на населението со населување на овие лица.Владата предводена од Зоран Заев не се откажува од планот за доселување на мигрантите и градење на згради за нив во 17 општини низ Македонија.
Охрид, Куманово, Кавадарци, Битола, Прилеп, Кочани, Радовиш, Гази Баба, Карпош, Ѓорче Петров, Центар, Аеродром, Неготино, Дојран, Богданци, Гевгелија и Штип, се 17-те општини во кои Владата планира да се населат мигрантите. Граѓаните пак, на овие општини бараат референдум за да може да се изјаснат по ова прашање.
„Нема да дозволиме никој да донесува одлуки без да го чуе нашиот глас за вакви суштински и болни прашања, никој не смее да ја погази волјата на народот и самоволно да одлучува во наше име“- порачуваат граѓаните од 17-те општини.
Општинските советници од ВМРО-ДПМНЕ, застануваат во одбрана на граѓаните и бараат референдум за изјаснување на граѓаните- „ЗА“ или „Против“ населување на мигранти во нивната општина. Исто така бараат референдумот да се спроведе на 15 октомври, денот кога ќе се одржат и локалните избори.
СДСМ и Владата не отстапуваат од градбата на станови и доселување мигранти – поднесоа тужба против луѓето кои повикаа на референдум против мигранти
СДСМ, Зоран Заев и Мила Царовска и понатаму не се откажуваат од градбата на станови, доселување и интегрирање мигранти во Македонија. СДСМ поднесе кривична пријава за Видан Лазаревски, иницијатор за референдум против Националната стратегија за интеграција на мигранти.
Лазаревски во текот на минатиот месец ја водеше кампањата „Будење за Штип“ преку која собираше потписи од граѓани со цел иницирање референдум, но СДСМ го обвинуваат дека извршил повеќе кривични дела.Владата предводена од Зоран Заев не се откажува од планот за доселување на мигрантите и градење на згради за нив во 17 општини низ Македонија.

Пронајдете не на следниве мрежи: