Ако ве болат мускулите, ви паѓа косата и имате бели дамки на ноктите значи страдате од…

Селенот му е потребен на организмот за правилно функционирање на тироидната жлезда, а може да помогне за заштита од слободните радикали и рак.Недостатокот на селен води до болки во мускулите и зглобовите, паѓање на косата и бели дамки на ноктите, заради намалување на синтезата на протеини, дегенеративни промени во миокардот и мускулите како целина.
На долг рок, недостатокот на овој минерал може да доведе до болест, позната како Хашимото – состојба во која имунолошкиот систем на телото ја напаѓа тироидата.
Најголемиот непријател на селенот се шеќерите. Слатките и колачите се способни делумно или целосно да го уништат дејството на селенот.
Помалку селен има во конзервирана отколку во свежа храна. Токму затоа консумирајте што повеќе сурова и термички необработена храна.
Тековното количество селен, од кое секојдневно има потреба телото е околу 200 милиграми. Многу селен има во морските плодови, рибата, особено во сардината, ракчињата и школките. Има во говедските и телешките бубрези, во црниот дроб, срцето. Селенот го има исто во жолчката на јајцата, каде што присуствува и витамин Е.
Житните производи се богати со селен, но само оние нерафинирани. Брашното од цело зрно е богато со селен, но најмногу го има во морската и камената сол. Производи од растително потекло, кои се богати со него се трици, `ркулци од пченица, пченка, домати, квасец, печурки, лук, црн леб и колачи направени од интегрално брашно. Пченката е еден од најбогатите, а истовремено и најдостапни извори на селен. Истото се однесува и за лукот.Недостатокот на селен води до болки во мускулите и зглобовите, паѓање на косата и бели дамки на ноктите, заради намалување на синтезата на протеини

Пронајдете не на следниве мрежи: