Мексиканската актерка која му помогна на Шон Пен да го интервјуира Ел Чапо Гузман е под истрага, бидејќи наводно примала пари од озлогласениот наркобос додека бил во бегство од полицијата.Мексиканскиот главен обвинител изјави дека постојат индикации дека Кејт дел Кастиљо ги користела парите на Ел Чапо за да покрене своја компанија за текила – Онор дел Кастиљо. Со оглед на тоа дека компанијата е регистрирана во Делавер, мексиканските власти ги споделуваат сите информации со САД.
Дел Кастиљо е под истрага уште од 2015 година, откако почна да остварува средби со адвокатите на Гузман, но бидејќи истрагата е сѐ уште во тек не може да се зборува како направила престап.
Ѕвездата на теленовелите не сакаше да ги коментира овие тврдења, но се огласи на социјалните мрежи и изјави дека многу луѓе измислуваат нешта за да можат нивните приказни да звучат што е можно подобро.
Наводно, Гузман бил нетрпелив да се сретне со Кастиљо и никогаш претходно не слушнал за Шон Пен. Барем се стекнува таков впечаток од пораките кои ги разменувале актерката и бегалецот.
Ел Чапо во пораките пишувал дека убава и најдобра на светот и дека ќе ја чува како очите во глава. Таа му одговорила дека е трогната од неговите зборови и дека никој досега не се грижел така за неа.
Во една прилика ѝ рекол дека не пие алкохол, но дека ќе ја проба текилата што ќе му ја донесе. Ел Чапо ја меморирал Кастиљо под името „Гуапа“, што во превод значи убавица.Мексиканскиот главен обвинител изјави дека постојат индикации дека Кејт дел Кастиљо ги користела парите на Ел Чапо за да покрене своја компанија за



